Телото за управување со ИПАРД објави Упатство за постапка за издавање на документи за оцена на влијанието на проектите врз животната средина

Дома » Телото за управување со ИПАРД објави Упатство за постапка за издавање на документи за оцена на влијанието на проектите врз животната средина

Телото за управување со ИПАРД објави Упатство за постапка за издавање на документи за оцена на влијанието на проектите врз животната средина

Телото за Управување со ИПАРД фондовите при Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, во координација и соработка со Управата за животна средина при Министертвото за животна средина и просторно планирање, подготви и издаде “Упатство за постапка за издавање на документи за оцена на влијанието на проектите врз животната средина” во насока на иформирање на потенцијалните корисници на ИПАРД Програмата за постапката за издавање на документи за оцена на влијанието на проектите врз животната средина.

Имено, во Упатството детално се прикажува постапката за издавање на еден од следниве документи со кои се оценува исполнување на стандардите за заштита на животната средина, и тоа:

  • Елаборат за заштита на животната средина;
  • Студија за оценка на влијанието врз животната средина;
  • А интегрирана еколошка дозвола;
  • Б интегрирана еколошка дозвола.

Во Упатството за постапка за издавање на документи за оцена на влијанието на проектите врз животната средина (дадено подолу) детално е прикажана постапката за издавање на документите, надлежни институции, потребни документи кои се поднесуват, временска рамка на издавење, како и обрасци на документите кои се издаваат со кои се потврдува исполнување на законските одредби за заштита на животната средина.

Упатство за постапка за издавање на документи за оцена на влијанието на проектите врз животната средина

2021-03-22T10:57:09+00:0022 март 2021|Соопштение, Соопштенија|