Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството продолжуваат со кампањата и инфо средбите по повод објавениот повик за мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2021-2027 (ИПАРД 3).
На инфо средбите заинтересираните корисници (физички, правни лица, задруги итн.) ќе можат да се информираат за постапките и условите за аплицирање со цел користење на средства од оваа мерка од програма од тековниот објавен повик.
Се повикуваат сите заинтересирани корисници да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на мерка 1, имајќи предвид дека крајниот рок за поднесување на барањата за мерка 1 од овој јавен повик е 29 март 2025 година.
На 24ти февруари 2025 година (понеделник), инфо средби ќе се одржат во Тетово, со почеток од 11:00 часот во Универзитетот Тетово – Факултет за прехранбена технологија и исхрана и во Јегуновце со почеток од 14:00 часот во општинската сала.
Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги добијат и на следниве веб страници и телефонски броеви:
- Тело за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – https://ipard.gov.mk или 02/3134-477 локал 113, 114 и 115;
- Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој http://www.ipardpa.gov.mkили на 02/3097-460 и 070/229-434 (сектор за одобрување на проекти), 070/229-328 (сектор за одобрување на исплати) и
- Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството http://agencija.gov.mk/ или на 047/228-330 и 047/228-370.