Инфо кампањата по повод објавениот јавен повик 01/2025 за мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2021-2027 (ИПАРД 3), продолжи вчера (24.02.2025 година) во Тетово и Јегуновце.
Претставниците на Телото за управување со ИПАРД (Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството остварија среби со заинтересираните корисници (физички, правни лица, задруги итн.) кои сакаа да се информираат за можностите, условите и постапките за аплицирање на тековниот јавен повик со цел користење на средства од оваа програма.
Претстваниците на Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ пред присутните ја образложија оваа мерка од Програмата, наменета за примарното земјоделско производство, согласно објавениот јавен повик, додека претставниците од од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ја презентираа деталната постапка пред АФПЗРР за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027.
Се повикуваат сите заинтересирани корисници да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на мерка 1, имајќи предвид дека крајниот рок за поднесување на барањата за мерка 1 од овој јавен повик е 29 март 2025 година.
Оваа недела, инфо караванот продолжува со информативни средби кои ќе се одржат во следниве места:
- 25тифевруари 2025 година (вторник), инфо средби ќе се одржат во Свети Николе, со почеток од 11:00 часот во општинската сала и во Велес со почеток од 14:00 часот во општинската сала,
- 26тифевруари 2025 година (среда), инфо средби ќе се одржат во Карбинци, со почеток од 11:00 часот во општинската сала и во Штип со почеток од 14:00 часот во општинската сала,
- 27мифевруари 2025 година (четврток), инфо средби ќе се одржат во Кавадарци, со почеток од 11:00 часот во општинската сала и во Тимјаник со почеток од 14:00 часот во основното училиште, и
- 28мифевруари 2025 година (петок), инфо средби ќе се одржат во Прилеп, со почеток од 11:00 часот во општинската сала и во Кривогаштани со почеток од 14:00 часот во општинската сала (противпожарен дом).
Дополнителни информации околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги добијат на следниве веб страници и телефонски броеви:
- Тело за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – https://ipard.gov.mkили 02/3134-477 локал 113, 114 и 115;
- Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – http://www.ipardpa.gov.mk или на 02/3097-460 и 070/229-434 (сектор за одобрување на проекти), 070/229-328 (сектор за одобрување на исплати)
- Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството – http://agencija.gov.mk/ или на 047/228-330 и 047/228-370.