Почнувајќи од денеска и во текот на следните неколку дена, караванот ќе ги посети Кочани, Облешево, Велешта, Мислешево, Демир Хисар, Кравари, Куманово и Липково. Ова е можност за сите корисници од овие региони да присуствуваат на средбите, да поставуваат прашања и да го искористат присуството на стручните лица со цел да ги разрешат сите дилеми околу постапката за аплицирање.
Денешниов ден 10.03.2025 (понеделник) е посветен на корисниците од Кочани и Облешево, а од утре караванот продолжува со следниов распоред:
- 11.03.2025 година (вторник): Средба во Велешта, со почеток во 11 часот во зградата на старата општина, а потоа во 14 часот во Мислешево во просториите на Месната заедница.
- 12.03.2025 (среда): Демир Хисар во 11 часот, Дом на култура и Кравари во 14 часот во просториите на Месната заедница
- 13.03.2025 (четврток): Куманово во 11 часот, во Домот на занаетчии и Липково во 14 часот во општинската зграда
Јавниот повик ќе трае до 29. март. Има доволно време сите кои планираат да аплицираат да ја подготват документацијата и навремено да ја достават согласно упатството од повикот. На располагање се 7,4 милиони евра, наменети за набавка на основни средства за земјоделско производство, што ќе придонесе да се модернизира македонското земјоделство и да се обнови земјоделската механизација.
Ова е последна недела од краванот ИПАРД инфо денови и затоа ги повикуваме сите заинтересирани корисници од регионите кои ќе ги посетиме, да ја искористат можноста и да присуствуваат на средбите.