ИПАРД инфо караванот денеска беше во битолскиот регион, се остварија средби со потенцијалните корисници од Демир Хисар и Кравари.
Условите од јавниот повик за Мерка 1, начинот на подготвка на документација и условите за аплицирање, денеска беа детално објаснети пред присутните потенцијални корисници. Тимовите од Телото за управување со ИПАРД, Платежната агенција и АПРЗ, имаа свои презентации и одговараа на поставени прашања, со цел да се избегнат грешки во постапката за аплицирање и да се креираат успешни апликации за искористување на средствата од овој јавен повик. На располагање се 7,4 милиони евра, средства кои ќе бидат инвестирани во домашното земјоделско производство.
Демир Хисар е познат земјоделски центар во Македонија, со развиено поледелство, овоштарство и сточарско производство. Кравари е битолско село со развиено сточарско производство како што кажува и неговото име. Kлиматските услови се поволни и за поледелство, особено затоа што целиот атар е покриен со мрежа од xидросистемот за наводнување „Стрежево“. Овој систем овозможува наводнување на сите земјоделски површини и успешно одгледување на сите земјоделски култури. Со вакви климатски услови, систем за наводнување и современа земјоделска механизација, производството е полесно.
Тоа е целта на јавниот повик од Мерка 1, наменет за набавка на основни средства за земјоделско производство, односно набавка на модерна земјоделска механизација. Повикот ќе трае до 29. март, сеуште има доволно време за подготовка на апликациите.
Караванот продолжува и утре 13.03.2025 (четврток), на средби со потенцијалните корисници од Куманово и Липково, по следниов распоред:
- Куманово во 11 часот, во Домот на занаетчии и
- Липково во 14 часот во општинската зграда.
Ги повикуваме сите кои сакаат директно да се информираат за условите од јавниот повик, да присуствуваат на средбите. Сите останати можат да побараат дополнителни информации на следниве веб страници и телефонски броеви:
- Тело за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – https://ipard.gov.mk или 02/3134-477 локал 113, 114 и 115;
- Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – http://www.ipardpa.gov.mk или на 02/3097-460 и 070/229-434 (сектор за одобрување на проекти), 070/229-328 (сектор за одобрување на исплати)
- Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството – http://agencija.gov.mk/ или на 047/228-330 и 047/228-370.