Јавниот повик 01/2025 за мерка 1 од ИПАРД 3 Програмата, сеуште е во тек. Затоа караванот ИПАРД инфо денови продолжува до крајот на оваа недела.
Денеска се одржаа две средби со заинтересираните корисници во Кочани и Облешево. Со оглед дека станува збор за кочанскиот регион, каде со децении главна култура е кочанскиот ориз, најголемиот број на прашања се однесуваа токму за набавка на земјоделска механизација која се користи за производство на ориз.
Претставниците на Телото за управување со ИПАРД (Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ)), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПРЗЗ и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) имаа свои презентации за мерка 1 и за условите на јавниот повик. Пред заинтересираните корисници (физички, правни лица, задруги итн.), кои сакаа да се информираат за можностите, условите и постапките за аплицирање на тековниот јавен повик, детално беа образложени сите можности, со цел максимално искористување на средствата од оваа програма.
На средбата, беа одговорени сите прашања, нејаснотии и детали околу правилна подготовка на докуметацијата и текот на постапката за аплицирање, со цел да им се помогне на сите кои ќе аплицираат да имаат добро подготвена документација и навремено да аплицираат.
Утре 11.03.2025 година (вторник), караванот продолжува на средба во Велешта, со почеток во 11 часот во зградата на старата општина, а потоа во 14 часот во Мислешево во просториите на Месната заедница.
Јавниот повик трае до 29. март, има доволно време за сите кои сакаат да аплицираат. Институциите се отворени за соработка, сите кои не се во можност да присуствуват на инфо деновите, слободно може да се обратат за информации на следниве веб страници и телефонски броеви:
- Тело за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – https://ipard.gov.mk или 02/3134-477 локал 113, 114 и 115;
- Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – http://www.ipardpa.gov.mk или на 02/3097-460 и 070/229-434 (сектор за одобрување на проекти), 070/229-328 (сектор за одобрување на исплати)
- Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството – http://agencija.gov.mk/ или на 047/228-330 и 047/228-370.