12ти СОСТАНОК НА КОМИТЕТОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИПАРД

Дома » 12ти СОСТАНОК НА КОМИТЕТОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИПАРД

12ти СОСТАНОК НА КОМИТЕТОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИПАРД

Дванаесеттиот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД ќе се одржи во Скопје, Клуб на пратеници, на 29 мај 2013 година. Со состанокот ќе претседава заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин Зоран Коњановски, како претседател на Комитетот за следење на ИПАРД.На состанокот ќе присуствува и претставникот на Европската комисија од Генералниот директорат за Земјоделство и Рурален развој, г-дин Герард Кили, во неговата советодавна функција при работата на Комитетот, како и претставници кои се членови на Комитетот за следење на ИПАРД од Федерација на фармери, Здружение на земјоделци и од владини и невладини институции.

Членовите, кои ги претставуваат партнерските организации и владините институции и агенции, како и дополнително поканети набљудувачи, претставници на донаторската заедница, науката и образованието, економските и социјалните партнери, по овој повод ќе разговараат за резултатите од спроведувањето на ИПАРД Програмата, односно ќе се информира за напредокот во  системите за следење и контрола на ИПАРД Програмата, напредокот во активностите поврзани со комуникацијата и публицитетот, а ќе се дискутира и за петатта измена на ИПАРД програмата, за  ИПАРД мерките за следниот програмски период 2014-2020, за  процесот на подготовка за акредитација на мерката Техничка Помош, како и за подобрување на апсорпцијата на ИПАРД Програмата.

Состанокот го организира Секретаријатот на Комитетот за следење на ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Присуството на средбата е само со покана. Повеќе детали ќе бидат достапни по средбата, на веб-страницата на ИПАРД Програмата.

2014-09-10T09:54:24+00:0027 мај 2013|