ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖАНИ ПАНЕЛ ДИСКУСИИ

Дома » ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖАНИ ПАНЕЛ ДИСКУСИИ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖАНИ ПАНЕЛ ДИСКУСИИ

Во насока на реализација на планираната активност за спроведување на панел дискусии насловени како „Нови измени во ИПАРД Програмата – подобри можности за користење на европските фондови“, а со цел подигнување на јавната свест и запознавање на заинтересираните страни и пошироката јавност за можностите со настанатите измени на ИПАРД програмата, Секторот за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) организираше и спроведе 10 панел дискусии и тоа во:

Настан бр.

Целна група  Дата

Термин

 

Федерација на фармери на РМ

 

 

26 март

 

 

14.00 часот

Производители на вино

02 април

11.30 часот

Невладини организации и здруженија членки на

Мрежа за рурален развој на РМ

04 април

13.00 часот

Производители на овошје 04 април

20.00 часот

 

Комора на занаетчии 

 

 

09 април

12.00 часот

МАП-Македонска асоцијација на преработувачи

11 април

 

13.00 часот

Ветеринарна комора на Македонија

16 април

 

11.30 часот

 

Локална самоуправа-ЛЕР

 

18 април

12.00 часот

Здружение на производители и преработувачи на млечни производи

25 април

 

11.00 часот

Здружение на рибопроизводители на РМ „Аква фортис“ 30 април

 

11.00 часот

 

На панел дискусиите учествуваа 370 претставници на организациите на земјоделските производители и земјоделски федерации, асоцијации и сојузи, задруги и нивните здруженија, преработувачи на земјоделските производи, земјоделските стопанства, коморите на занаетчиите, претставници од канцелариите за локален економски развој на локалната самоуправа, претставници на винарии и винопроизводители, млекарите и млекопроизводителите, од преработувачката индустрија за овошје и зеленчук, како и невладини организации кои се занимаваат со рурален развој.

Секторот за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во месец мај-јуни ќе продолжи со одржување на панел дискусии со различни целни групи, како што се:земјоделски задруги, застапниците на земјоделска механизација, регистрираните откупувачи на овошје и зеленчук и др. се со цел подигнување на јавната свест и запознавање на заинтересираните страни и пошироката јавност за можностите со настанатите измени на ИПАРД програмата.

 

2014-06-18T14:38:54+00:006 мај 2013|