Правила за одржување на ИПАРД инфо денови
Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство поради зачестените барања за одржување на презентации на тема ИПАРД програма го дава следното
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Телото за управување со ИПАРД во согласност со акцискиот план за комуникација и публицитет за спроведување на ИПАРД програмата за 2011 година, пред објавувањето на секој јавен повик за користење на средства од ИПАРД, ќе одржува „ИПАРД инфо денови“.
По доставување на барањата од соодветната единица на локална самоуправа, здружение на граѓани или група на потенцијални корисници на средства од ИПАРД, а по утврдување на доволен број на заинтересирани учесници на обуката, Телото за управување со ИПАРД ќе ги спроведе обуките во соработка со барателите.
Барањата за одржување на „ИПАРД инфо ден“ заинтересираните може да ги доставуваат по пошта на ул.Беласица бр.2 (Скопски саем 2-ри кат) или електронски на адреса info@ipard.gov.mk со наслов „Барање за одржување ИПАРД инфо ден“.
Правила за одржување на обуки и работилници
Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во текот на 2011 година ќе одржува обуки и работилници за учесниците во спроведување на ИПАРД програмата во Република Македонија (консултанти, советодавни служби, комори и др.)
Целта на овие обуки и работилници ќе биде подготовка на консултантските и советодавните служби за поуспешна изработка на ИПАРД проекти и нивно запознавање со промените во ИПАРД програмата.
Се покануваат сите заинтересирани претпријатија/институции за учество на ваков вид на обуки/работилници да ги доставуваат своите пријави по пошта на ул.Беласица бр.2 (Скопски саем 2-ри кат) или електронски на адресаinfo@ipard.gov.mk со наслов „Пријава за одржување на ИПАРД обука/работилница“.
Соодветно на бројот на пристигнати пријави Телото за управување со ИПАРД ќе ги извести заинтересираните за место, датум и време на одржување на обуките/работилниците.