Со објавувањето на шестиот јавен повик, прв во 2012 година, за доставување барања за користење средства од ИПАРД Програмата од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 31.03.2012 година, Секторот за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, почна со реализацијата на ИПАРД инфо деновите со цел навремено и целосно информирање на заинтересираната јавност со можностите и начинот на користење средства од ИПАРД Програмата 2007-2013.
За таа цел се одржаа информативни средби во општините Кичево и Демир Хисар, каде пред земјоделските производители се презентираа можностите за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013, процедурите за поднесување на барање, потребните документи, контролата и одобрувањето на проектите.
ИПАРД инфо деновите продолжуваат и наредната недела и тоа на 08 мај во општините Демир Капија и Кавадарци и на 09 мај во општините Крушево и Битола.