Известување

Дома » Известување

Известување

Телото за управување со ИПАРД ја известува јавноста дека на ден 18.12.2009 година во Брисел потпишана е одлуката за пренесувањето на правото за управување со средствата од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија во областа на рурален развој (ИПА 5-та компонента – ИПАРД) на македонската оперативната структура за ИПАРД (Управувачкото тело при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој).

Со добивање на правото за управување со средствата од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија во областа на рурален развој (ИПА 5-та компонента – ИПАРД) Македонија покажа дека ги поседува потребните административни капацитети, стручност и знаење за управување со европските претпристапни фондови во областа на руралниот развој.

Официјалната одлука за доделување на правото за управување со средствата е објавена во службениот весник на Европската Унија(2009/987/EU од 18.12.2009).

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе го објави првиот јавен повик за користење на европските претпристапни средства за рурален развој на 23 Декември 2009 година, а од Мај-Јуни 2010 година се очекува дека ќе бидат склучени и првите договори за користење на овие средства.

Предвидениот буџет за јавниот повик за користење на европските претпристапни средства за рурален развој изнесува вкупно 24.320.000 евра, односно во денарска противвредност 1.494.150.272 денари , од кои 75% средства се обезбедени од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) и 25% средства се од Буџетот на Република Македонија

2014-06-18T19:31:18+00:0018 декември 2009|