Известување до потенцијалните апликанти на ИПАРД Програмата

Дома » Известување до потенцијалните апликанти на ИПАРД Програмата

Известување до потенцијалните апликанти на ИПАРД Програмата

ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК БР. 01/2009 ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА 2007-2013

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (во понатамошниот текст: Агенција) ги известува сите заинтересирани субјекти за поднесување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 дека рокот за нивно доставување се продолжува до 17.03.2010 година, 16:30 часот по локално време.

Останатите делови од јавниот оглас остануваат непроменети и неговата целосна содржина може да се најде на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.

Продолжувањето на рокот за доставување на барањата е со цел да се овозможи ефикасно искористување на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013.

2014-06-18T19:13:05+00:0019 февруари 2010|