Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје на 18 декември во 11 часот по повод 62 годишнината од постоењето на Факултетот организира 34-та традиционална средба факултет-стопанство со тема „Искористување на претпристапните фондови за рурален развој (ИПАРД), предизвици и можности за развој на македонскиот земјоделско прехрамбен сектор. Раководителот на Телото за Управување со ИПАРД ќе ја презентира ИПАРД Програмата 2007-2013 и можностите за модернизација на македонскиот земјоделско прехрамбен сектор, а директорот на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој ќе ја презентира клучната улога на АФПЗРР во спроведувањето на ИПАРД Програмата.