6 ти состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027

Дома » 6 ти состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027

6 ти состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027

На 10ти декември 2025 година, во Скопје, се одржа 6от состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027.

На состанокот на Комитетот, покрај редовните претставници (членови или нивни заменици), во улога на набљудувачи учествуваа и претставници на: Европската Комисија (ГД за земјоделство), Управувачката структура, Платежната агенција, Ревизорското тело и Телото за управување со ИПАРД.

Согласно Деловникот за работа на Комитетот, претседавач на 6-от состанок на Комитетот беше државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.

Согласно точките од дневниот ред за шестиот состанок, претставниците на ГД за земјоделство ги информираа присутните за состојбата со спроведување на ИПАРД во останатите земји, истакнувајќи дека спроведувањето на ИПАРД програмата во Македонија е на високо ниво. Европската Делегација изрази доверба во институциите за брзо и правично надминување на состојбата која настана поради потенцијалниот корупциски скандал за ИПАРД Програмата во Македонија.

Претставниците на Телото за управување со ИПАРД и Платежната агенција, презентираа детални информации за:

  • Состојба со спроведување на ИПАРД Програмата 2021-2027;
  • Информација за функционирање на системот за управување и контрола и финансиско спроведување на ИПАРД 2021-2027;
  • Информација за резултатите од јавните повици 01/2023, 01/2024, 02/2024 и 01/2025 од ИПАРД Програмата 2021-2027;
  • Информација за Планот на активности и повици во 2026 година (вклучувајќи и акциски план за подобрување на искористеност);
  • Информација за состојбата со акредитација на мерките од ИПАРД Програмата 2021-2027;
  • Информација за контроли (направени ревизии, следење на превземени активности и годишен ревизорски извештај;
  • План за видливост и комуникација (Преглед на активности од годишниот акциски план за комуникација и публицитет за 2025 година);
  • Преглед на спроведување на Планот за евалуација на ИПАРД Програмата 2021-2027;
  • Презентација на финалниот извештај од Ex-post евалуација на ИПАРД Програмата 2014-2020;
  • Активности за техничка помош (Преглед на реализација на активности од АПТА 2025)

Како дел од постојаните обврски на Комитетот за следење на ИПАРД, на шестиот состанок, членовите на Комитетот ги усвоија записниците од претходниот состанок.

Во продолжение се дадени дневниот ред и придружните материјали за 6 от состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027.

Агенда_6МК_2025
2. Нацрт записник_5MK_КС ИПАРД III_6ти
7.a Општи информации за спроведување на мерките на Програмата_КС ИПАРД III_6ти
7.б Извештај за резултатите од јавните повици и прогноза на активности во 2026_КС ИПАРД III_6ти
8. Информација за функционирање на СУК_КС ИПАРД III_6ти
9. Информација за контроли на ИПАРД Агенција_КС ИПАРД III_6ти
9. Информација за контроли Ревизорско Тело_КС ИПАРД III_6ти
10.а Преглед на активности од планот за комуникација и публицитет_КС ИПАРД III_6ти
10.б. Акциски план за комуникација и публицитет за 2026_КС ИПАРД III_6ти
12. АПТА 2026_КС ИПАРД III_6ти
11 (a).IPARD Evaluation Final Presentation Final

2025-12-19T15:43:45+00:0019 декември 2025|