Почитувани, Секторот за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Ве поканува на информативен настан на тема: „Можности кои ги нуди ИПАРД Програмата 2014-2020” кои ќе се одржи во :
- Населба Илинден – 28.02.2017 со почеток во 17:00 часот, во Домот на Култура, Илинден
Информативните настани се одржуваат со цел да се информираат потенцијалните баратели за поволностите кои се нудат преку новата ИПАРД Програмата 2014-2020 година и мерките:
– Инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи
– Диверзификација на фармите и развој на бизниси