На 17 јули, 2006 година, Советот на Европската Унија ја усвои Регулативата бр. 1085/2006, при што се воспоставува Инструмент за претпристапна помош (ИПА). Како земја кандидат, Република Македонија има пристап до сите пет ИПА компоненти.
Општата цел на претпристапната помош е да се поддржат напорите на земјата да ги исполни пристапните критериуми од Копенхаген во смисла на воспоставување стабилни институции кои ќе ја гарантираат демократијата и владеење на законот, ќе одржуваат функционална пазарна економија, прилагодување и спроведување на европското законодавство и ќе покажат способност да ги преземат одговорностите кои доаѓаат со членството во ЕУ. Ова подразбира и подготовка за спроведувањето на политика на кохезија на Заедницата и инструментите за рурален развој со воведување на стратешко планирање и принципи на управување, кои водат до спроведување на структурните инструменти на ЕУ.
Основните политички документи кои ги воспоставуваат приоритетите за програмирање на помошта под ИПА се Европско Партнерство 2006 и Документот за стратегиско проширување, кои што ја претставуваат основната политика на Европската Комисија за проширување на ЕУ со земјите кандидати и потенцијални земји кандидати, како и за годишниот Извештај за Прогрес во однос на напредоците остварени на патот кон ЕУ, вклучувајќи ја и имплементацијата и спроведувањето на стандардите на Заедницата.
– Приоритетна оска 1: Подобрување на пазарната ефикасност и спроведување на стандардите на Заедницата
Под приоритетната оска 1, потенцијалните клучни прашања кои треба да се решат, се инвестиции во земјоделското стопанство неопходни за преструктуирање и надградба на секторот до стандардите на Заедницата и за зголемување на конкурентноста. Крајната цел на претпристапната помош во компонентата V е да се подготви земјоделскиот сектор за пристап кон ЕУ и затоа, надградбата на земјоделските стопанства и прехранбените капацитети, за задоволување на стандардите на ЕУ за околината, хигиената, безбедноста на храната и благосостојбата на животните, е од големо значење.
Мерки за спроведување на Приоритетна оска 1 се следните:
Мерка 101: Инвестиции во земјоделските стопанства за преструктуирање и надградба до стандардите на Заедницата
Мерка 102: Воспоставување на Групи на производители
Мерка 103: Инвестиции во преработка и маректинг на земјоделските и рибните производи за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Заедницата
– Приоритетна оска 2: Подготвителни активности за воведување на агро-еколошки мерки и ЛЕАДЕР пристап
Спроведување на Приоритетната оска 2 има за цел да се отпочнат подготвителни активности за спроведување на агро – еколошките мерки и ‘ЛЕАДЕР -пристапот’ со цел да се придонесе кон одржлив развој и за развој на јавно – приватните партнерства во руралните области, имајќи ја во предвид сложеноста на подготвителните активности на таквите мерки и потребните механизми за спроведување како и спемноста на земјоделскиот сектор и руралните чинители за прифаќање на соодветните критериуми и услови.
– Приоритетна оска 3: Развој на руралната економија
Под приоритетната оска 3, потенцијалните клучни прашања што треба да бидат засегнати се, инвестиции за развој и диверзификација на економиските активности во руралните области, а кои ќе му помогнат на руралното население во градење на економски активности (на и надвор од земјоделското стопанство), создавајќи дополнителни извори и можности за вработување во руралните области.
Мерка 301 Развој и подобрување на руралната инфраструктура;
Мерка 302: Диверзификација и развој на руралните економски активности
Мерка 303 Подобрување на обуката.