РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОДГОТОВКА И ПОДДРШКА НА ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ ЛОКАЛНИ АКЦИСКИ ГРУПИ ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА

Дома » РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОДГОТОВКА И ПОДДРШКА НА ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ ЛОКАЛНИ АКЦИСКИ ГРУПИ ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА

РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОДГОТОВКА И ПОДДРШКА НА ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ ЛОКАЛНИ АКЦИСКИ ГРУПИ ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА

Во Гевгелија, на 21 и 22 јануари 2020 година, се одржа меѓународна работилница за поддршка и подготовка на националната и локалната администрација, како и на локалните акциски групи за користење на мерки на ИПАРД Програмата 2014-2020.

Една од мерките на ИПАРД Програмата 2014-2020 е и мерката 5 “Имплементација на локалните развојни стратегии – ЛИДЕР пристап” која е во подготвителна фаза за акредитација со веќе воспоставени 13 Локални акциски групи (ЛАГ-ови) во различни фази на развој кои нетрпеливо ги очекуваат ЕУ фондовите.

На работилницата присуствуваа претставници на Европската Комисија, Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Министерството за финансии, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Телото за управување со ИПАРД, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Мрежата за рурален развој, локалната администрација, и секако претставници од регистрираните Локални акциски групи.

Работилницата ја поздравија и отворија г-ѓа Ана Новак Вуд, Програмски менаџер од Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој при Европската Комисија, Сашо Поцков, Градоначалник на општина Гевгелија и Живко Брајковски, раководител на Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ.

При отворањето на работилницата, раководителот на Телото за управување со ИПАРД истакна дека очекувања од работилницата се големи бидејќи во земјата веќе неколку години се спроведува мерката Техничка помош од која се достапни средства за потребите на ЛАГ-овите и ЛИДЕР пристапот, особено во пресрет на воведување на новите мерки.

Целта на работилница беше да обезбеди насоки на локално и владино ниво како да се искористат средствата од мерката Техничка помош за зајакнување на капацитетите во руралните средини во воспоставување на ЛАГ-ови и подготовка на Локалните стартегии за развој, за подоцна истите да бидат во можност да аплицираат за ЛИДЕР мерката во рамките на ИПАРД Програмата. Искуствата за ЛИДЕР мерката и функционирањето на ЛАГ-овите во другите земји ги презентираа представници од Полска, Хрватска, Турција и Словенија.

На самата работилница, Телото за управување со ИПАРД, во соработка со претставниците на ЛАГ-овите и Мрежата за рурален развој, ги договорија идните чекори во насока на интензивирање на меѓусебната соработа.

Agenda_TAIEX_21012020

LAG Laura PPT_Cupic – ENG

PPT_TAIEX_MK_2020_Cunk Perklic 2

3 seminar’s objectives

Anna NW Implementation of LEADER under IPARD _ main principles

00_Capacity_building_Kawalek_13.01.2020

00_Leader_measure_Poland_Kawalek_13.01.2020

Iwona Lisztwan_LEADER model IPARD

Presentation_TAIEX LAGs_Macedonia_ZB_150120_Zivko

Mehmet Ak North Macedonia 16012020

2020-01-29T15:16:17+00:0028 јануари 2020|