Дванаесеттиот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД ќе се одржи во Скопје, Клуб на пратеници, на 29 мај 2013 година. Со состанокот ќе претседава заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин Зоран Коњановски, како претседател на Комитетот за следење на ИПАРД.На состанокот ќе присуствува и претставникот на Европската комисија од Генералниот директорат за Земјоделство и Рурален развој, г-дин Герард Кили, во неговата советодавна функција при работата на Комитетот, како и претставници кои се членови на Комитетот за следење на ИПАРД од Федерација на фармери, Здружение на земјоделци и од владини и невладини институции.
Членовите, кои ги претставуваат партнерските организации и владините институции и агенции, како и дополнително поканети набљудувачи, претставници на донаторската заедница, науката и образованието, економските и социјалните партнери, по овој повод ќе разговараат за резултатите од спроведувањето на ИПАРД Програмата, односно ќе се информира за напредокот во системите за следење и контрола на ИПАРД Програмата, напредокот во активностите поврзани со комуникацијата и публицитетот, а ќе се дискутира и за петатта измена на ИПАРД програмата, за ИПАРД мерките за следниот програмски период 2014-2020, за процесот на подготовка за акредитација на мерката Техничка Помош, како и за подобрување на апсорпцијата на ИПАРД Програмата.
Состанокот го организира Секретаријатот на Комитетот за следење на ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Присуството на средбата е само со покана. Повеќе детали ќе бидат достапни по средбата, на веб-страницата на ИПАРД Програмата.