Инфо кампањата по повод објавениот јавен повик 01/2025 за мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2021-2027 (ИПАРД 3), започна вчера (20.02.2025 година) во Новаци и Могила.
Претставниците на Телото за управување со ИПАРД (Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството остварија среби со заинтересираните корисници (физички, правни лица, задруги итн.) кои сакаа да се информираат за можностите, условите и постапките за аплицирање на тековниот јавен повик со цел користење на средства од оваа програма.
Претстваниците на Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ пред присутните ја образложија оваа мерка од Програмата, наменета за примарното земјоделско производство, согласно објавениот јавен повик, додека претставниците од од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ја презентираа деталната постапка пред АФПЗРР за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027.
Се повикуваат сите заинтересирани корисници да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на мерка 1, имајќи предвид дека крајниот рок за поднесување на барањата за мерка 1 од овој јавен повик е 29 март 2025 година.
Во понеделник, 24.02, инфо караванот продолжува со информативни средби кои ќе се одржат во Тетово, со почеток од 11:00 часот во Универзитетот Тетово – Факултет за прехранбена технологија и исхрана и во Јегуновце, со почеток од 14:00 часот во општинската сала.
Дополнителни информации околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги добијат на следниве веб страници и телефонски броеви:
- Тело за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – https://ipard.gov.mkили 02/3134-477 локал 113, 114 и 115;
- Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – http://www.ipardpa.gov.mk или на 02/3097-460 и 070/229-434 (сектор за одобрување на проекти), 070/229-328 (сектор за одобрување на исплати)
- Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството – http://agencija.gov.mk/ или на 047/228-330 и 047/228-370.