Инфо караванот на ИПАРД 3 Програмата за Мерка 1 денеска се одржа во Конче и Радовиш

Дома » Инфо караванот на ИПАРД 3 Програмата за Мерка 1 денеска се одржа во Конче и Радовиш

Инфо караванот на ИПАРД 3 Програмата за Мерка 1 денеска се одржа во Конче и Радовиш

Инфо кампањата по повод објавениот јавен повик 01/2025 за мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата 2021-2027 (ИПАРД 3), денеска 05. март (среда) продолжи во Конче и Радовиш.

Претставниците на Телото за управување со ИПАРД (Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството остварија среби со заинтересираните корисници (физички, правни лица, задруги итн.) кои сакаа да се информираат за можностите, условите и постапките за аплицирање на тековниот јавен повик со цел користење на средства од оваа програма.

Пред присутните заинтересирани корисници од Конче и Радовиш, детално беа презентирани условите од јавниот повик за мерка 1. Претстваниците на Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, ја образложија оваа мерка од Програмата, наменета за примарното земјоделско производство, додека претставниците од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ја презентираа постапката пред АФПЗРР за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027. На средбата, беа одговорени сите прашања, нејаснотии и детали околу правилна подготовка на докуметацијата и текот на постапката за аплицирање, со цел да им се помогне на сите кои ќе аплицираат да имаат добро подготвена документација и навремено да аплицираат.

Караванот продолжува и утре 6-ти март 2025 година (четврток) во Берово, со почеток  од 11:00 часот во општинската сала и во Виница со почеток од 14:00 часот во општинската сала.

Дополнителни информации околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги добијат на следниве веб страници и телефонски броеви:

  • Тело за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – https://ipard.gov.mk или 02/3134-477 локал 113, 114 и 115;
  • Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – http://www.ipardpa.gov.mk или на 02/3097-460 и 070/229-434 (сектор за одобрување на проекти), 070/229-328 (сектор за одобрување на исплати)
  • Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството – http://agencija.gov.mk/ или на 047/228-330 и 047/228-370.

Се повикуваат сите заинтересирани корисници да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на мерка 1, имајќи предвид дека крајниот рок за поднесување на барањата од овој јавен повик е 29 март 2025 година.

2025-03-06T15:51:41+00:005 март 2025|