Упешна недела на инфо-караванот за мерка 1 од ИПАРД 3

Дома » Упешна недела на инфо-караванот за мерка 1 од ИПАРД 3

Упешна недела на инфо-караванот за мерка 1 од ИПАРД 3

Претставниците на Телото за управување со ИПАРД – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ), во текот на изминатава недела ги посетија Босилево, Василево, Конче, Радовиш, Берово, Виница, с. Неготино и Гостивар.

Се остварија конструктивни средби со заинтересирани корисници (физички, правни лица, задруги итн.) кои сакаа да се информираат за можностите, условите и постапките за аплицирање на тековниот јавен повик, со цел користење на средствата од Програмата.

Потенцијалните идни корисници на средствата наменети за мерка 1 од ИПАРД 3 (Програма 2021-2027), покажаа голем интерес и силен проактивен пристап на средбите, искористувајќи ја можноста да добијат детални информации, да постават прашања и директно да се информираат за условите и барањата предвидени со јавниот повик 01/2025.

Пред присутните заинтересирани корисници, детално беше презентирана мерка 1 од ИПАРД 3 (Програма 2021-2027), од страна на претстваниците на Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ. Претставниците од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ја презентираа деталната постапка пред АФПЗРР за користење на средства од ИПАРД 3 (Програма 2021-2027). На средбата, беа одговорени сите прашања, нејаснотии и детали околу правилна подготовка на докуметацијата и текот на постапката за аплицирање, со цел да им се помогне на сите кои ќе аплицираат да имаат добро подготвена документација и навремено да аплицираат.

Повикот за мерка 1 од ИПАРД 3 Програмата, беше објавен на 12. февруари и ќе трае заклучно со 29. март 2025 година. На располагање се 7.4 милиони евра, наменети за инвестиции во основни средства за земјоделско производство.

Главната цел на мерката 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ е зголемување на ефикасноста, конкурентноста и одржливото земјоделско производсто во земјоделско-прехранбениот сектор. Специфичните цели на Мерка 1 опфаќаат модернизирање и преструктуирање на материјалниот потенцијал, зголемување на вредноста на производството и маркетингот, промовирање на паметен, одржлив и инклузивен раст, како и прогресивно усогласување со стандардите на Европската Унија, подобрување на позицијата на земјоделците во синџирот на исхрана и поддршка на младите земјоделци.

Караванот Инфо денови продолжува и во текот на следната недела, опфатени се сите региони во државата со цел сите заинтересирани да можат лесно да пристапат до потребните информации.

Ги повикуваме сите потенцијални корисници да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на средствата.

2025-03-07T15:47:18+00:007 март 2025|