Најава за инфо ден 10. март (понеделник) во Кочани и Облешево

Дома » Најава за инфо ден 10. март (понеделник) во Кочани и Облешево

Најава за инфо ден 10. март (понеделник) во Кочани и Облешево

Телото за управување со ИПАРД, ги известува сите заинтересирани корисници кои планираат да аплицираат на јавниот повик кој е во тек, за Мерка 1  од ИПАРД 3 Програмата, дека караванот „ИПАРД Инфо денови“ продолжува и во наредниот период.

Во понеделник 10. март, ќе се одржат средби во Кочани и Облешево.

Настанот во Кочани ќе се одржи со почеток во 11 часот во просториите на Мултикултурниот центар.

Веднаш потоа, во Облешево во просториите на месната заедница, со почеток во 14 часот ќе се одржи втората средба.

Ги повикуваме сите потенцијални корисници да присуствуваат на инфо средбите и да ја искористат можноста директно да се информираат да условите од јавниот повик, начинот на подготовка на документацијата и како навремено да аплицираат со цел максимално искористување на средствата.

Јавниот повик за Мерка 1, наменет е за набавка на основни средства за земјоделско производство и е со вкупна вредност од 7.4 милиони евра, средства кои ќе се инвестираат во домашното земјоделско производство.

Караванот „ИПАРД Инфо денови“ продолжува, опфатени се сите региони во државата со цел сите заинтересирани да можат лесно да пристапат до потребните информации.

2025-03-07T15:52:45+00:007 март 2025|