На 21ви мaj 2025 година, во Скопје, се оддржа 5от состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027.
На состанокот на Комитетот, покрај редовните претставници (членови или нивни заменици), во улога на набљудувачи учествуваа и претставници на: Европската Комисија (ГД за земјоделство), Управувачката структура, Платежната агенција, Ревизорското тело и Телото за управување со ИПАРД.
Поради оправдано отсуство на државниот секретар, Борче Серафимовски, согласно Деловникот за работа на Комитетот, претседавач на 5-от состанок на Комитетот беше Живко Брајковски – раководител на Сектор за управување со претпристапни фондови на ЕУ за рурален развој (ИПАРД) при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Согласно точките од дневниот ред за петтиот состанок, претставниците на ГД за земјоделство ги информираа присутните за состојбата со спроведување на ИПАРД во останатите земји, истакнувајќи дека спроведувањето на ИПАРД програмата во Македонија е на високо ниво, со голем успех во реализација на ИПАРД 2 и оправдани очекувања дека дека овој успех ќе се повтори и со ИПАРД 3 програмата.
Претставниците на Телото за управување со ИПАРД и Платежната агенција, презентираа детални информации за:
- Состојба со спроведување на ИПАРД Програмата 2021-2027
- Информација за функционирање на системот за управување и контрола и финансиско спроведување на ИПАРД 2021-2027
- Информација за контроли (направени ревизии, следење на преземени активности и годишен ревизорски извештај
- План за видливост и комуникација (Преглед на активности од годишниот акциски план за комуникација и публицитет за 2025 година)
- Преглед на спроведување на Планот за евалуација на ИПАРД Програмата 2021-2027
- Активности за техничка помош (Преглед на реализација на активности од АПТА 2025)
Како дел од постојаните обврски на Комитетот за следење на ИПАРД, на петиот состанок, членовите на Комитетот ги усвоија записниците од претходниот состанок, и посетија корисници со успешно реализирани ИПАРД проекти.
Во продолжение се дадени дневниот ред и придружните материјали за 5-от состанок на Комитетот за следење на ИПАРД 2021-2027.
1.Предлог дневен ред 5МК_ИПАРД III
2.Нацрт записник_4 МК -5 МК ИПАРД III
6.Нацрт извештај за спроведување на ИПАРД 2
7.a Општи информации за програмата, спроведување на мерките
7в.г. Состојба со спроведување на ИПАРД Програмата 2021-2027_5 МК ИПАРД III
8. Информација за функционирање на системот за управување и контрола и финансиско спроведување _5 МК ИПАРД III
9а. Информација за контроли _Контроли и направени ревизии_5 МК ИПАРД III
9в. Информација за контроли_Годишен ревизорски извештај_5 МК ИПАРД III
Записник_IV_MK_IPARD 2021-2027 Одлуки и заклучоци_5КС



