Почитувани, во врска со вашето прашање за користење на средства за Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2021-2027, ве известуваме дека:
Согласно ИПАРД Програмата 2021-2027, Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ не се прифатливо прифатливи инвестиции во пчелни матици и пчелни роеви.
Согалсно Листата на прифатливи трошоци за мерка 7, прифатливои се инвестиции во е опрема за пчеларство, производство на мед и други пчелни производи, приколки за транспорт на сандуци за одгледување на пчели итн. Подетални информации може да добиете во Упатство за корисници за мерка 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси кое може да го спуштите од официјалната страна на ИПАРД www.ipard.gov.mk. , Прилог 1 – Детална листа на прифатливи трошоци).
Воедно, Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година, мерка 121 „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“дава можност за аплицирање и добивање на поддршката во на нови инвестиции за следните намени: во набавка на пчелни матици и пчелни роеви од одобрени одгледувалишта согласно Законот за зоотехника и набавка на опрема во пчеларството. Подетални информации може да добите на следнава web страна https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Home/RuralenRazvoj/9.
Почитувани, во врска со вашето прашање по однос на постапката за аплицирање за користење на средства од Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2021-2027, ве известуваме дека потребните информации се достапни на официјалната web страна на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (www.ipardpa.gov.mk) која е надлежна институација за спроведување на Јавниот повик.
Подетално, потребните документи и упатства за аплицирање може да ги сименте на следниов линк https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Home/IpardPovici/31.
Доколку имате дополнителни прашања, за специфичен вид на инвестиција по објавениот Јавен повик може повторно да не контактирате.
Во врска со вашето прашање до денес во тек е објавен ЈАВЕН ПОВИК бр.02/2024 по Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2021-2027, по однос на постапката за аплицирање за користење на средства од Мерка 7, ве известуваме дека потребните информации се достапни на официјалната web страна на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (www ipardpa.gov.mk) која е надлежна институација за спроведување на Јавниот повик.
Подетално, потребните документи и упатства кои беа потребни за аплицирање на јавниот повик кој заврши денес како информација може да ги симнeте на следниов линк https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Home/IpardPovici/31.
Доколку сте заинтересирани за следните повици по ИПАРД Програмата 2021-2027, редовно следете ги официјалните web страни на ИПАРД (www.ipard.gov.mk) и Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (www.ipardpa.gov.mk).
Почитувана,
Согласно објавената претходна најава за објавување на Јавен повик по мерка 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства” од ИПАРД Програмата 2021-2027 секторите за кои сакате да аплицирате (житни култури, индустриски и фуражни култури) се прифатливи и истите ќе бидат објавени со Јавниот повик 01/2025.
По однoс на прифатливост на инвестиции во опремата која ја посочувате, ве информираме дека истатa е прифатлива во делот на “Набавка на нова земјоделска опрема и механизација за растително производство”, мотокултиватори и приклучна механизација, опрема и механизација за подготвителни активности при обработка на почвата, садење, наводнување, одводнување, опрема за берба (исклучувајќи комбајни), опрема за контрола и заштита.
По однос на инвестициите во трактори, нивната прифатливост ќе зависи од расположивиот буџет, имајки во предвид дека прифатлив буџет за инвестиции во трактори изнесува 20% од расположивиот буџет по мерка 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанствва”. Доколку се прифатливи инвестициите во трактори, истите ќе бидат објавени во Јавниот повик 01/2025 и Упатаството за крисници по мерка 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства”.
Почитувани,
Електронска верзија на ИПАРД Програмата 2021-2027 е достапна на следниов линк (
Јавни повици по ИПАРД Програмата 2021-2027, се објавуваат на официјалните web страни на ИПАРД ( www.ipard.gov.mk ) и Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (www.ipardpa.gov.mk ).
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ( www.ipardpa.gov.mk ) е надлежна институација за спроведување на Јавните повици, сите потребни документи и упатства за аплицирање на јавниот повик може да ги најдете тука.
Објавена е претходна најава за објавување на Јавен повик по мерка 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства” од ИПАРД Програмата 2021-2027
Доколку сте заинтересирани за следните повици по ИПАРД Програмата 2021-2027, редовно следете ги официјалните web страни на ИПАРД (www.ipard.gov.mk) и Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (www.ipardpa.gov.mk) и доколку имате дополнителни прашања, за специфичен вид на инвестиција по објавен Јавен повик може повторно да не контактирате.
Your Content Goes Here
Временската рамка на обработка на барањето до потпишување на договор зависи од бројот на пристигнати барања, но како што е објавено во јавниот повик дека само комплетни барања се обработуваат, рокот на обработка значително ќе се скрати. Согласно процедурите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, рокот на обработка на поединечно барање е 6 (шест) месеци од денот на завршувањето на јавниот повик.
Ве информираме дека во Упатството за корисници по соодветна мерка од ИПАРД Програмата 2021-2027 дадено е ”Oбјаснување за видовите претпријатија земени во предвид при пресметка на бројот на вработени и финансиските износи” во кое детално е претставен начинот на калкулација на големина на претпријатието.
Градба на објект за преработка на овошје и зеленчук е прифатлив за ко-финансирање во мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“. Воедно прифатливи се и објекти (административен простор), помошни објекти (складирање, гаражи, итн). Детелен приказ на Листата на прифатливи трошоци е дадена како прилог од Упатствот за корисници по мерка 3.
Воедно, доколку корисникот аплицира за преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на фарма по мерка 1 “Инвестиции во основни на земјоделски стопанстава“, прифатливи се инвестиции во градба на објекти за преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на фарма.
Инвестиција во фотоволтаици и реконструкција на покрив на објект за преработка на печурки и сливи е прифатливо за ко-финансирање по мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и марекетинг на земјоделски и рибни производи“ Детелен приказ на Листата на прифатливи трошоци е дадена како прилог од Упатствот за корисници по мерка 3.
Поддршка на инвестиции во основни средства во објекти за производство на кондиторски производи се прифатливи за ко-финансирање по мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“.
Изградба на фарма за одгледување на крави не е прифатлива за кофинансиарње по мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и марекетинг на земјоделски и рибни производи“. Овој тип на инвестиици се поддржуваат по мерка 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства”.
Сите баратели по мерка 1 „Инвестиции во основни средствана земјодлски стопанства“ треба да докажат дека земјиштето и/или објектот каде се планира инвестицијата се во сопственост на барателот или барателот да има право на користење на земјиштето/објектот во времетраење од најмалку 7 години од датумот на поднесување на барањето.
Набавка на машина за преработка на лешник е прифатлива за ко-финансирање по мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и марекетинг на земјоделски и рибни производи“. Детелен приказ на Листата на прифатливи трошоци е дадена како прилог од Упатствот за корисници по мерка 3.
Согласно акредитираните процедури за одобрување на исплати во Агенцијата, доколку се задоцни со набавка на опремата до 10 дена се одбиваат 2% од вкупно прифатливите трошоци, ако се задоцни 20 дена се одбиваат 10% од вкупно прифатливите трошоци, ако се задоцни повеќе од 30 дена тогаш се одбива целата инвестиција.
Согласно критериумите на ИПАРД Програмата 2021-2027 реализираната инвестиција не смее да се отуѓува или изнајмува најмалку 5 години по последната исплата.
Ве информираме дека фотоволтаични панели и машина за сушење на овошје се прифатливи за ко-финансирање по мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и марекетинг на земјоделски и рибни производи“. Детелен приказ на Листата на прифатливи трошоци е дадена како прилог од Упатството за корисници по мерка 3.
Задругите се прифатливи како потенцијални корисници по мерка 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“.
Поддршка на инвестиции во рурален туризам се прифатливи за ко-финансирање во мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“.
Ве информираме дека на крајот на инвестицијата корисникот треба да ги исполни националните стандарди кои се во целост усогласени со европските стандарди. Детален приказ по однос од обврските за исполнување на соодветните национални стандарди согласно различните сектори и типови на инвестиции се дефинирани во Упатството за корисници по мерка 3, додека потребните документи се дефинирани во Барањето за финансиска поддршка по мерка 3.
Поддршка на инвестиции во основни средства за производство и преработка на мед се прифатливи инвестиции за ко-финансирање во мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“.
Ве информираме дека производство на јајца од јапонска препелица е прифатливо за ко-финансирање по мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ во секторот Алтернативно земјоделско производство.
Согласно критериумите за финансиака поддршка по мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2021-2027, се поддржува ко-финанисрање на инвестиции за цвеќарство. Воедно во Упатството за корисници по мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси” детално се дефинирани критериумите за прифатливост на доставените проекти кои се однесуваат на инвестиции во цвеќарство (хортикултура).
Согласно административните процедури на Агенцијата, заедно со барањето треба да бидат доставени и сите пропратни општи и посебни документи соодветно на типот на инвестиција.
Данок на додадена вредност (ДДВ) не е прифатлив трошок по ИПАРД Програмата 2021-2027.
Доколку сте користеле финансиска поддршка во основни средства за занаетчиска дејност преку други институации, домашни или странски донори/проекти, за истите типови на инвестициски активности не може да аплицирате преку ИПАРД III Пограмата, со цел да се избегне двојно финансирање на ист тип на инвестиции. Но доколку планирате да барате финансиска поддршка за друг тип на инвестициски активности кои не биле предмет на поддршка, може да аплицирате преку мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2021-2027.
Да, инвестициски активности во рибарство се поддржуваат преку мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД Програмата 2021-2027. Во Упатството за корисници по мерка 1 детално се дефинирани сите критериуми за прифатливост на доставените проекти кои се однесуваат на инвестиции.
Прифатливи се инвестиции во објекти и опрема за мерење на метереолошки параметри на ниво на земјоделско стопанство. Деаталната листа на прифатливи трошоци е дадена како прилог на Упатствотo за корисници по мерка 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“
Прифатливи сектори по кои моаже да се аплицира по Јавниот повик 01/2025 за мерка 1 Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства во растителното производство се:
(1) житни култури, (2) индустриски и фуражни култури, (5) лозови насади (само вински сорти), (6) други култури од Анекс I кои не се поддржани во рамките на Мерката 7.
Сите корисници кои аплицираат за инвестиции поврзани со растително производство во времето на поднесување на барањето треба да покажат постоење на земјоделско земјиште регистрирано во Единствениот регистер на земјоделски стопанства со минималната големина во зависност од дејноста на растително производство која е предмет на инвестиции, како што следи:
- најмалку 1 ха земјоделско земјиште во случај на инвестиции за одгледување на винова лоза, житни култури, индустриски култури и фуражни култури.
Сите корисници кои аплицираат за инвестиции поврзани со растително производство во времето на поднесување на барањето треба да покажат постоење на земјоделско земјиште регистрирано во Единствениот регистер на земјоделски стопанства со минималната големина во зависност од дејноста на растително производство која е предмет на инвестиции, како што следи:
- најмалку 1 ха земјоделско земјиште во случај на инвестиции за одгледување на винова лоза, житни култури, индустриски култури и фуражни култури.
Горенаведените критериуми се однесуваат и за инвестиции во набавка на механизација.
Корисниците со помалку земјоделско земјиште од минималните прагови споменати погоре со намера да започнат растително производство, исто така, имаат право да аплицираат и да ја искористат поддршката доколку минималниот праг (наведен погоре) во зависност од видот на растителното производство се достигне на крајот на инвестицијата и е регистриран во Единствениот регистер на земјоделски стопанства пред поднесување на конечното барање за исплата.Напомена: Секторот овоштарство е неприфатлив за финансиска поддршка по Јавен повик 01/2025.
Секторот градинарство е неприфатлив за финансиска поддршка по Јавен повик 01/2025.
Сите корисници кои аплицираат за инвестиции поврзани со растително производство во времето на поднесување на барањето треба да покажат постоење на земјоделско земјиште регистрирано во Единствениот регистер на земјоделски стопанства со минималната големина во зависност од дејноста на растително производство која е предмет на инвестиции, како што следи:
- најмалку 1 ха земјоделско земјиште во случај на инвестиции за одгледување на винова лоза, житни култури, индустриски култури и фуражни култури.
Горенаведените критериуми се однесуваат и за инвестиции во набавка на трактор и механизација.
Корисниците со помалку земјоделско земјиште од минималните прагови споменати погоре со намера да започнат растително производство, исто така, имаат право да аплицираат и да ја искористат поддршката доколку минималниот праг (наведен погоре) во зависност од видот на растителното производство се достигне на крајот на инвестицијата и е регистриран во Единствениот регистер на земјоделски стопанства пред поднесување на конечното барање за исплата.
Фуражните култури како подсектор се прифатливи во мерка 1 од ИПАРД Програмата 2021-2027. Прифатливите трошоци во механизација детално се претставени во Листата на прифатливи трошоцикоја е дадена како прилог од Упатството за корисници по мерка 1 и е објавена на веб страните на ИПАРД www. ipard.gov.mk и Платежната Агенција ipardpa.gov.mk.
Инвестиции за производство и продажба на обновливи извори на енергија, се прифатлив сектор во мерка 7 “ Диверзификација на фарми развој на бизниси” од ИПАРД Програмата 2021-2027 каде се поддржуваат инвестиции во :
- преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса, освен биомаса од рибни производи;
- преработка на земјоделски производи за производство на биогориво;
- преработка на шумска биомаса;
- производство на енергија од обновливи извори (сонце и ветер).
Телото за упарвување со ИПАРД нема целосен увид на допставената апликација за да може да оцени дали бараниот трошок е прифатлв, но доколку се работи за барање на одговор за прифатливи трошоци по мерка 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства” каде во Листата на прифатливи трошоци се дефинирани прифатливи трошоци по приоритетни сектори т.е во сектор “Набавка на опрема за пост-бербени активности, преработка на земјоделско стопанство и директен маркетинг” на сопственото производство, прифатливи се трошоци за набавка на опрема за прием, откуп и складирање на земјоделски производи.
Доколку планираната набавка се однесува на “набавка на бокс палети (кошеви) од 300 кг” кои влегуваат како основни средства и се наменети како опрема за прием, откуп и складирање на земјоделски производи, тогаш планираната набавка е прифатлива за ко финансиарње.
Телото за упарвување со ИПАРД нема целосен увид на допставената апликација за да може да оцени дали бараниот трошок е прифатлв, но доколку се работи за барање на одговор за прифатливи трошоци по мерка 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства” каде во Листата на прифатливи трошоци се дефинирани прифатливи трошоци по приоритетни сектори т.е во сектор “Набавка на опрема за пост-бербени активности, преработка на земјоделско стопанство и директен маркетинг” на сопственото производство, прифатливи се трошоци за набавка на опрема за прием, откуп и складирање на земјоделски производи.
Доколку планираната набавка се однесува на пластични гајби од 20 кг кои би се користеле како амбалажа тогаш овој вид на трошок влегува во група на оператвни (материјални) трошоци кои не се прифатливи по ИПАРД.
Пчеларството како подсектор во секторот на “алтернативно земјоделско производство” е прифатлив за кофинансирање по мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси”. Листата на прифатливи трошоци наменети за пчеларство детално е претставена како прилог 1 на “Упатството за корисници на средства по мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси”. Согласно листата на прифатливи трошоци, прифатливо е и изградба/ реконструкција на објекти наменети за производство, доработка, преработка и пакување на мед.
Согласно критериумите на прифатливост по мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата 2021-2027, инвестиции во изградба на бунар се поддржуваат како прифатливи трошоци (Прилог 1 од Упатство за корисници по мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси).
Согласно административните процедури на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој кои се објавени и во Упатството за корисници стои “потенцијалниот корисник на средствата треба да поднесе „барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014 – 2020“ по соодветната мерка. Барањето треба да биде коректно и читливо пополнето на македонски јазик и кирилично писмо. Заедно со барањето треба да бидат доставени и сите пропратни општи и посебни документи соодветно на типот на инвестиција. Барањата, комплетирани со целокупната документација, затворени во плик на кој на горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВАРАЈ за Јавен повик ИПАРД бр. XX/XXXX“ како и мерката за која се поднесува барањето, да бидат доставени:- по препорачана пошта на адреса:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој ул. „3-та Македонска бригада“ бр.20 зграда на Македонија Табак блок Ц 1000 Скопје, или лично на рака во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), на истата адреса.
Барањето за финансиска подршка кое не ја содржи потребната придружна документација во моментот на поднесувањето на барањето, Агенцијата ќе го одбие како некомплетно.
Доколку мислите за поддршка на инвестиции во рурално сместување (угостителски и сместувачки услуги) капацитети, Ве информираме дека преку мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“од ИПАРД Програмата 2021-2027 се поддржува ко-финанисрање на инвестиции за рурален туризам. Воедно во Упатството за корисници по мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ детално се дефинирани сите критериуми за прифатливост на доставените проекти кои се однесуваат на инвестиции во рурален туризам.