Заврши проектот „Помош за ИПАРД Агенцијата за подготовка на акредитација за мерката – Инвестиции во руралната инфраструктура“

Дома » Заврши проектот „Помош за ИПАРД Агенцијата за подготовка на акредитација за мерката – Инвестиции во руралната инфраструктура“

Заврши проектот „Помош за ИПАРД Агенцијата за подготовка на акредитација за мерката – Инвестиции во руралната инфраструктура“

Заврши проектот „Помош за ИПАРД Агенцијата за подготовка на акредитација за мерката – Инвестиции во руралната инфраструктура“

Дата на објава: 23 Јули 2015

ipard 6

Подобрување на условите за живот во руралните средини, создавање поволна средина за економски развој и отворање работни места, корегирање на регионалните диспаритети и придонес во процесот на намалување на отселувањето од руралните области е основна цел на новата мерката „инвестиции во руралната инфраструктура“од ИПАРД програмата на ЕУ.

За подобра имплементација на оваа мерка во Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој беше спроведен твининг проект со Агенцијата за земјоделски пазари и рурален развој на Словенија како твининг партнер, финансиран од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ. Проектот овозможи зајакнување на нејзината организациска структура, изработка на акредитациски пакет од процедури за имплементација на мерката, како и подготовка на упатства за крајните корисници на мерката.

На денешната прес-конференција посветена на презентација на резултатите од овој проект се обрати министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Михаил Цветков, кој истакна дека подобрувањето на руралната инфраструктура е највисок приоритет на Владата.

– Во изминатите години само преку националната програма за финансиска поддршка во руралниот развој општините искористија преку 15 милиони евра за проекти кон подобрување на квалитетот на живот во руралните средини. Трендот за финансиска поддршка на руралните средини продолжува и во иднина, рече Цветков.

На презентацијата се обратија и амбасадорите на ЕУ Аиво Орав и на Словенија Бранко Раковец, кој нагласи дека со овој проект Љубљана на дело ја покажува својата поддршка за македонската евроинтеграција.

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Билјана Вуковиќ, истакна дека Република Македонија во рамки на ИПАРД 2 има на располагање 12 милиони евра за мерката „инвестиции во руралната инфраструктура“ и оти се надева дека ќе бидат целосно искористени со оглед на направените подготовки.

2016-05-10T13:55:01+00:0010 мај 2016|General|