Известување за организација на информативни настани на тема: „МОЖНОСТИ КОИ ГИ НУДИ ИПАРД ПРОГРАМАТА 2014-2020”
Почитувани, Секторот за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Ве поканува на информативни настани на тема: „Можности кои ги нуди ИПАРД Програмата 2014-2020” кои ќе се одржат во следниве општини:
- Штип – 31.01.2017 со почеток во 11:00 часот, во Сала на Советот на Oпштина Штип
- Прилеп – 01.02.2017 со почеток во 11:00 часот, во зградата на Oпштина Прилеп
- Могила – 01.02.2017 со почеток во 16:00 часот, во зградата на Oпштина Могила
- Битола – 02.2017 со почеток во 11:00 часот, во Центар за култура, мала сала Битола
Информативните настани се одржуваат со цел да се информираат потенцијалните баратели за поволностите кои се нудат преку ИПАРД Програмата, прифатливите инвестиции, критериумите, потребни документи за поднесување на барања, склучување на договори, поднесување на барања за исплата. На настаните ќе се образложат проблемите со кои се среќаваа барателите во претходниот програмски период ИПАРД 2007-2013 година и ќе се даваат предлози за надминување на истите
На информативните настани ќе присуствуваат претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Сектор ИПАРД, Платежната Агенција, Агенција за поттикнување за развој на земјоделството на РМ како и претставници од Планските региони.