Подготовки за акредитација на нова Мерка -Инвестиции во руралната инфраструктура со ИПАРД 2 Програмата.

Дома » Подготовки за акредитација на нова Мерка -Инвестиции во руралната инфраструктура со ИПАРД 2 Програмата.

Подготовки за акредитација на нова Мерка -Инвестиции во руралната инфраструктура со ИПАРД 2 Програмата.

Подготовка за акредитација на нова ИПАРД Мерка- Инвестиции во руралната инфраструктура со ИПАРД 2 Програмата.

Дата на објава: 27 Јануари 2015

ipard 1

Со 250.000 евра до мај годинава Платежната агенција ќе се подготвува за акредитација за новата ИПАРД  Мерка – инвестиции во руралната инфраструктура.

Станува збор за твининг проект финансиран од ИПА 2010 што официјално почнува денеска, а ќе се спроведува во соработка со словенечката Агенција за земјоделски пазари и рурален развој.

– Подобрувањето на руралната инфраструктура е еден од највисоките приоритети на Владата за што придонесува за подобрување на стандардот на земјоделците, на пазарната конкурентност и ефикасност, како и за зголемување на заштитата на животната средина и вработувањето во неразвиените подрачја, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Според него, македонскиот земјоделски рурален сектор се соочува со значајни предизвици во однос на можностите за квалитетно производство, конкуренција на регионалните, европските и меѓународните пазари, подобрувањето на квалитетот на живеењето, како и отворање нови работни места. Оттука, вложувањето во руралната инфраструктура е клучно.

– Целта на оваа нова  мерка која ќе се воведе со ИПАРД 2 Програмата  е да овозможи добра средина за развој на руралната економија преку изградба на селски патишта и улици, управување со водите за пиење и отпадните води, обезбедување со енергија и други активности, подвлече министерот.

Околу 80 проценти од територијата на Македонија, додаде, се рурални подрачја, а потенцијални корисници на новата ИПАРД мерка се руралните општини и јавните претпријатија за стопанисување со шумите и пасиштата.

Како што истакна евроамбасадорот Аиво Орав, мерката е дизајнирана согласно капацитетите на руралните општини во кои ќе се спроведува.

– Дефинитивно постои потреба да бидеме иновативни и прагматични. Капацитетите во руралните области се ограничени и затоа условите за користење на мерката мора да бидат едноставни и остварливи, посочи Орав, потенцирајќи дека паралелно мора да се инвестира и во обучување на општините.

И директорот на Платежната агенција Тони Димовски се согласи дека е потребно воспоставување ефикасна административна инфраструктура на локално ниво за што поголемо и поуспешно апсорбирање на европските пари.

2016-05-10T13:44:50+00:0010 мај 2016|General|