Инфо деновите за мерка 7 продолжуваат во Ресен и Крушево во вторник

Дома » Инфо деновите за мерка 7 продолжуваат во Ресен и Крушево во вторник

Инфо деновите за мерка 7 продолжуваат во Ресен и Крушево во вторник

Во вторник на 3ти август 2021 година Телото за управување со ИПАРД и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе одржат инфо ден, во врска мерката 7 Диверзификација на фарми и развој на бизниси од ИПАРД Програмата 2014-2020, во следниве општини/населени места:

  • Ресен, во салата за состаноци на општина Ресен од 11.00 часот и
  • Крушево, во горна училишна зграда “Никола Карев” од 14.00 часот

Со мерката 7 од ИПАРД предвидена е финансиска поддршка  во минимална вредност на вкупно прифатливите трошоци на предложената инвестиција (проект) не пониска од 1.500 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го данокот на додадена вредност (ДДВ), додека максималната вредност не може да биде повисока од 1.000.000 евра во денарска противвредност не вклучувајќи го данокот на додадена вредност (ДДВ). Вкупната финансиска поддршка која се исплаќа во вид на кофинансирање на инвестицијата во оваа мерка изнесува 65% од вкупните прифатливи трошоци.

Во рамките на Јавниот повик 01/2021, сите заинтересирани странки може да се информираат за условите и начинот за поднесување на Барања за користење на средствата од мерката 7 и приоритетните сектори по кои може да аплицира. Сите заинтерсирани баратели  до 22 август 2021 година треба да  ги достават комплетно пополнетите Барања за користење на средства и целокупната документација која се бара во Јавниот повик 01/2021, објавен на интернет страницата на Телото за управување со ИПАРД  www.ipard.gov.mk на следниов линк:

https://ipard.gov.mk/mk/soopstenija/javen-povik/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b1%d1%80-01-2021-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d0%b0%d1%80/

– За дополнителни информации и детали за ИПАРД Програмата 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството www.agencija.gov.mk или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

2021-07-30T11:32:39+00:0030 јули 2021|Инфо денови, Соопштение, Соопштенија|