Со одлука на Европската Комисија DEC C(2022)1538 од 9ти март 2022 година одобрена е Програмата за користење на средства од инструментот за претпристапна помош за земјоделство и рурален развој – ИПАРД Програма за период 2021-2027 година. Ова е трет програмски период на Европската унија за поддршка на македнското земјоделство и руралниот развој.
ИПАРД Програмата 2021-2027 претставува програмски документ кој ги дефинира мерките и политиките на руралниот развој, и претставува основа за користење на претпристапната помош на Европската унија за рурален развој во која се вклучени следниве мерки:
- Мерка 1: Инвестиции во основни средства за земјоделските стопанства;
- Мерка 3: Инвестиции во основни средства кои се однесуваат за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи;
- Мерка 4: за Агро-екологија-клима и органско производство;
- Мерка 5: Имплементација на стратегии за локален развој – ЛИДЕР пристап;
- Мерка 6: Инвестиции во рурална јавна инфраструктура;
- Мерка 7: Диверзификација на фарми и развој на бизници;
- Мерка 9: Техничка помош;
- Мерка 10: Советодавни услуги.
Согласно одобрениот индикативен буџет, вкупната финансиска поддршка (ЕУ буџет) по однос на сите мерки од Програмата изнесува 97 милиони евра.
Одобрената ИПАРД Програма 2021-2027 може да се симне од официјалната страна на ИПАРД www.ipard.gov.mk