На 1ви декември 2022 година, во Маврово, се оддржа 11от состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2014-2020. На состанокот на Комитетот, покрај редовните претставници (членови или нивни заменици), во улога на набљудувачи учествуваа и претставници на Европската Комисија (ГД за земјоделство), Управувачката структура, Платежната агенција, Ревизорското тело и Телото за управување со ИПАРД. Со Комитетот претседаваше Државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин. Реџаил Исмаили.
На 11от состанок, членовите на Комитетот беа информирани за назначувањето на нови членови на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2014-2020, напредокот во реализацијата на програмата и степенот на спроведување на целите, мерките и инвестициите од ИПАРД, превземените активности за комуникација и публицитет на програмата, како и за напредокот на активностите поврзани со еваулацијата на ИПАРД програмата 2014-2020.
На 11от состанок, членовите на Комитетот ги разгледаа и усвоија измената на Акцискиот план за јавни набавки од мерката техничка помош за 2022 (АПТА 2022), Акцискиот план за јавни набавки од мерката техничка помош за 2023 година (АПТА 2023) во рамки на ИПАРД II Програмата, како и Акцискиот план за видливост и публицитет на ИПАРД II Програмата за 2023 година.
Во продолжение се дадени дневниот ред и придружните материјали за 11от состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2014-2020.
1. Нацрт дневен ред_11MK_ ИПАРД II
2. Нацрт записник 10МК_КС ИПАРД II_11ти
6.1 Информација за функционирање на системот за следење и контрола_КС ИПАРД II_11ти
6.2 Информација за резултатите од спроведувањето_КС ИПАРД II_11ти
6.3 Информација за напредокот на активностите на АФПЗРР_КС ИПАРД II_11ти
7.1 Информација за напредокот во спроведување на АПТА 2022_КС ИПАРД II_11ти
7.2 APTA 2022 измена_КС ИПАРД II_11ти
7.3 АПТА 2023 усвојување_КС ИПАРД II_11ти
7.4 Информација за комуникација и публицитет_КС ИПАРД II_11ти
7.5 Акциски план за комуникација и публицитет за 2023 година_КС ИПАРД II_11ти
8.1 Напредок на активностите за евалуација на ИПАРД Програма 2014-2020_КС ИПАРД II_11ти