Започнуваат инфо денови по Јавен повик 01/2021 за мерката 7 од ИПАРД Програмата 2014-2020

Дома » Започнуваат инфо денови по Јавен повик 01/2021 за мерката 7 од ИПАРД Програмата 2014-2020

Започнуваат инфо денови по Јавен повик 01/2021 за мерката 7 од ИПАРД Програмата 2014-2020

Телото за управување со ИПАРД ги информира сите земјоделци, физички и правни лица (микро и мали претпријатија) и задруги, заинтересирани да аплицираат за добивање на финансиска поддршка од мерката 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси”, да присуствуваат на инфо настаните во Кочани и Берово во понеделник 26ти јули 2021 година. Инфо деновите се со цел подобра информираност на заинтересираните странки во врска мерката 7 од ИПАРД Програмата и поставување на прашања и добивање на одговори за сите странки кои се заинтересирани за аплицирање по оваа мерка.

Инфо настаните ќе се одржат во:

  • 26ти јули 2021 година во  Кочани, Мултикултурен центар-Кочани во 11.00 часот и
  • 26ти јули 2021 година во Берово, Бизнис инкубатор-Берово во 14.00 часот

Јавниот повик 01/2021 за мерката 7 е објавен и во тек е доставувањето на Барањата за користење на средствата со цел, до 22 август 2021 година, сите заинтересирани странки да ги достават комплетно пополнетите Барања за користење на средства и целокупната документација до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Со Јавниот повик, објавен на 8ми јули 2021 година, може да се поднесуваат Барања за користење на средства до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по следниве приоритетни сектори и тоа:

  1. Алтернативно земјоделско производство
  2. Производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции:
  • Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво;
  • Колачи, тестенини и пекарски производи;
  • Чај и билни екстракти;
  • Зачини и билки;
  • Слатководна риба, ракови и мекотели и
  • Други производи кои не се наведени во Листа на производи од Анекс I на Договорот за функционирањето на ЕУ.
  1. Производство на не-прехранбени производи
  2. Занаетчиски дејности, кои се во согласно со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите
  3. Обезбедување на услуги во земјоделството
  4. Развој на услуги за руралното население
  5. Промоција на руралниот туризам

Висината на финансиската подршка изнесува 65% од вкупно прифатливите трошоци за инвестицијата, која е потребно да се движи во најмала вредност од 1.500 евра до најголема вредност на вкупно прифатливите трошоци за инвестицискиот проект од 1 милион евра. Земјиштето и/или објектите е потребно да бидат во сопственост на барателот или да постои Договор за закуп од најмалку 7 години. (целиот текст на Јавниот повик 01/2021 е дадена на веб сајтот на ИПАРД  www.ipard.gov.mk

https://ipard.gov.mk/mk/soopstenija/javen-povik/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b1%d1%80-01-2021-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d0%b0%d1%80/

– За дополнителни информации и детали за предходната најава за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството www.agencija.gov.mk или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

2021-07-27T10:31:42+00:0023 јули 2021|