Телото за Управување со ИПАРД во рамки на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, во соработка со Секторот за води од Управата за животна средина при Министерство за животна средина и просторно планирање изготвија и усогласија Упатство за постапка за добивање на Мислење односно Дозвола за наводнување на земјоделско земјиште. Станува збор за усогласување на две постапки, и тоа: постапка за добивање на Мислење за користење на подземни води за наводнување до 1 литар во секунда каде што непостои систем за наводнување и втората постапка се однесува на добивање на Дозвола за наводнување на земјоделско земјиште од површински и подземни води и тоа со количина на вода поголема од 1 литар во секунда. Упатството е достапно во продолжение:
Упатство за постапка за добивање на Мислење_ Дозвола за наводнување на земјоделско земјиште