Од страна на Телото за управување со ИПАРД при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, продолжува кампањата за информирање и едукација по однос на можностите кои ги нуди инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД Програма.
Во рамки на едукативната кампања, ќе се одржат инфо-денови во повеќе градови, села и населени места, каде што заинтересираните корисници (физички, правни лица, задруги, задружни правни лица итн.) ќе можат да се информираат за постапките и условите за аплицирање со цел користење на средства од оваа програма.
На 9ти мај 2023 година, инфо денови ќе се одржат во Виница, со почеток од 11:00 часот во ресторан “Александар Парк” и во општина Карбинци со почеток од 14:00 часот во големата сала на општина Карбинци.
На 10ти мај, кампањата продолжува во с. Зајас, со почеток во 11:00 часот во просториите на ОУ Реџо Рушит, додека информативната сесија во општина Кичево ќе се одржи во просториите на општина Кичево со почеток во 14 часот .
Инфо караванот продолжува на 11ти мај во општина Ѓорче Петров со почеток во 11 часот и истиот ден ќе ја посетиме и општина Сарај со почеток во 14:00 часот.
На инфо деновите ќе биде претставени Мерка 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства” и Мерка 7 “Диверзификација на фарми иа развоја на бизниси” од ИПАРД Програмата 2021-2027 (ИПАРД 3),. Исто така, на настаните ќе се презентираат и можностите за инвестирање кои ги нуди мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи” за која е планиран последниот Јавен повик од ИПАРД Програмата 2014-2020 (ИПАРД 2).
Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги добијат на следниве веб страници и телефонски броеви:
- Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – https://ipard.gov.mk или 02/3134-477 локал 113, 114 и 115;
- Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој http://www.ipardpa.gov.mk или на 02/3097-460 и
- Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството http://agencija.gov.mk/ или на
047/228-330 и 047/228-370.