Информативната кампања за ИПАРД Програма продолжува со теренското присуство во сите населени места

Дома » Информативната кампања за ИПАРД Програма продолжува со теренското присуство во сите населени места

Информативната кампања за ИПАРД Програма продолжува со теренското присуство во сите населени места

Од страна на Телото за управување со ИПАРД при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, продолжува кампањата за информирање и едукација по однос на можностите кои ги нуди инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД Програма.

Во рамки на едукативната кампања, ќе се одржат инфо-денови во повеќе градови, села и населени места, каде што заинтересираните корисници (физички, правни лица, задруги, задружни правни лица итн.) ќе можат да се информираат за постапките и условите за аплицирање со цел користење на средства од оваа програма.

На 9ти мај 2023 година, инфо денови ќе се одржат во Виница, со почеток  од 11:00 часот во  ресторан “Александар Парк” и во општина Карбинци со почеток од 14:00 часот во големата сала  на општина Карбинци.

На 10ти мај, кампањата продолжува во с. Зајас, со почеток во  11:00 часот во просториите на ОУ Реџо Рушит, додека информативната сесија во општина Кичево ќе се одржи во просториите на општина Кичево со почеток во 14 часот .

Инфо караванот продолжува на 11ти мај во општина Ѓорче Петров со почеток во 11 часот и истиот ден ќе ја посетиме и општина Сарај со почеток во 14:00 часот.

На инфо деновите ќе биде претставени Мерка 1 “Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства” и  Мерка 7  “Диверзификација на фарми иа развоја на бизниси” од ИПАРД Програмата 2021-2027 (ИПАРД 3),. Исто така, на настаните ќе се презентираат и можностите за инвестирање кои ги нуди мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи” за која е планиран последниот Јавен повик од ИПАРД Програмата 2014-2020 (ИПАРД 2).

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги добијат на следниве веб страници и телефонски броеви:

  • Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – https://ipard.gov.mk или 02/3134-477 локал 113, 114 и 115;
  • Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој http://www.ipardpa.gov.mk или на 02/3097-460 и
  • Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството http://agencija.gov.mk/ или на

047/228-330 и 047/228-370.

2023-05-09T23:42:08+00:008 мај 2023|