Скопје, 04.03.2020 година
Со цел подобро информирање на граѓаните за поефикасно искористување на ИПАРД средствата, низ државата тековно се организираат инфо каравани од страна на МЗШВ и Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ.
На 29.02.2020 година објавен е Јавен повик 01/2020, кој се однесува на инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства по мерка 1. Корисници на Мерка 1 може да бидат земјоделски задруги, односно физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство), индивидуален земјоделец или правно лице, и задруги. Мерката 1 поддржува примарно земјоделско производство, односно како приоритетни сектори го опфаќа растителното производство, сточарското производство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделско стопанство.
Вчера, инфо караванот ги посети општините Желино и Теарце и ќе продолжи и наредните денови од оваа недела, денес, 04.03.2020 среда, ќе ги информира граѓаните во следните општини:
- Општина Гостивар, во Центар за млади и заедницата од 10:00 часот
- Општина Ростуше, во Гимназијата „Маврово и Ростуше“ во Ростуше од 14:00 часот
Наредниот ден на 05.03.2020, во четврток, инфо караванот ќе биде во
- општина Кисела Вода од 9:30 часот – во Bocca Caffe (во комплексот позади Flatiron во Кисела Вода)
- општина Студеничани, во салата за совет на општината од 13.30 часот
Во петок на 06.03.2020 инфо караванот ќе биде во:
- општина Ново Село од 11 часот во салата за совет на општината,
- општина Босилово во Културно едукативниот центар од 15:00 часот.
Сите заинтересирани граѓани од овие општини ќе имаат можност да се запознаат со ИПАРД Програмата 2014–2020, особено со новопромовираната мерка 1, со цел, да го развијат и модернизираат сопственото земјоделско стопанство.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поканува сите оние кои се заинтересирани за инвестирање по ИПАРД Програмата да присуствуваат на инфо средбите со цел подобрување на сопствените земјоделски стопанства.
– За дополнителни информации и детали за инфо деновите за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и тоа: https://ipard.gov.mk/ , http://mzsv.gov.mk/ , http://ipardpa.gov.mk/ , http://agencija.gov.mk/ или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 И 047/228-370.