Инфо ден во Маврово за мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси” од ИПАРД Програмата

Дома » Инфо ден во Маврово за мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси” од ИПАРД Програмата

Инфо ден во Маврово за мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси” од ИПАРД Програмата

Во петок, 30ти јули 2021 година, ќе се одржи инфо- едукативен ден во Маврово. Инфо денот ќе се одржи во салата на ЈП Национален Парк-Маврово со почеток во 11.00 часот. Ги покануваме сите заинтересирани странки да присуствуваат на овој инфо ден и да се информираат за можностите за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020 односно мерката 7 Диверзификација на фарми и развој на бизниси.

Во врска мерката 7,  на 8ми јули 2021 година објавен е Јавниот повик 01/2021 и во тек е доставувањето на Барањата за користење на средствата со цел до 22 август 2021 година сите заинтересирани странки да ги достават комплетно пополнетите Барања за користење на средства и целокупната документација, која се бара во Јавниот повик, до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Јавниот повик 01/2021 е објавен на интернет страницата на Телото за управување со ИПАРД  www.ipard.gov.mk на следниов линк:

https://ipard.gov.mk/mk/soopstenija/javen-povik/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b1%d1%80-01-2021-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d0%b0%d1%80/

Приоритетни сектори по кои може да се аплицира со овој Јавен Повик се:

  1. Алтернативно земјоделско производство
  2. Производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции:
  • Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво;
  • Колачи, тестенини и пекарски производи;
  • Чај и билни екстракти;
  • Зачини и билки;
  • Слатководна риба, ракови и мекотели и
  • Други производи кои не се наведени во Листа на производи од Анекс I на Договорот за функционирањето на ЕУ.
  1. Производство на не-прехранбени производи
  2. Занаетчиски дејности, кои се во согласно со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите
  3. Обезбедување на услуги во земјоделството
  4. Развој на услуги за руралното население
  5. Промоција на руралниот туризам

 

– За дополнителни информации и детали за предходната најава за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството www.agencija.gov.mk или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

2021-07-29T12:19:11+00:0029 јули 2021|