Во петок, 30ти јули 2021 година, ќе се одржи инфо- едукативен ден во Маврово. Инфо денот ќе се одржи во салата на ЈП Национален Парк-Маврово со почеток во 11.00 часот. Ги покануваме сите заинтересирани странки да присуствуваат на овој инфо ден и да се информираат за можностите за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020 односно мерката 7 Диверзификација на фарми и развој на бизниси.
Во врска мерката 7, на 8ми јули 2021 година објавен е Јавниот повик 01/2021 и во тек е доставувањето на Барањата за користење на средствата со цел до 22 август 2021 година сите заинтересирани странки да ги достават комплетно пополнетите Барања за користење на средства и целокупната документација, која се бара во Јавниот повик, до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Јавниот повик 01/2021 е објавен на интернет страницата на Телото за управување со ИПАРД www.ipard.gov.mk на следниов линк:
Приоритетни сектори по кои може да се аплицира со овој Јавен Повик се:
- Алтернативно земјоделско производство
- Производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции:
- Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво;
- Колачи, тестенини и пекарски производи;
- Чај и билни екстракти;
- Зачини и билки;
- Слатководна риба, ракови и мекотели и
- Други производи кои не се наведени во Листа на производи од Анекс I на Договорот за функционирањето на ЕУ.
- Производство на не-прехранбени производи
- Занаетчиски дејности, кои се во согласно со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите
- Обезбедување на услуги во земјоделството
- Развој на услуги за руралното население
- Промоција на руралниот туризам
– За дополнителни информации и детали за предходната најава за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството www.agencija.gov.mk или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.