Скопје, (15.11.2019)
Телото за управување со ИПАРД ја продолжува Кампањата за публицитет на Програмата со нови инфо денови во согласност со продолжувањето на рокот за аплицирање за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД 2014-2020 Програмата од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Сите заинтересирани, наместо на 18. ноември апликациите ќе може да ги доставуваат до 3. декември 2019 година.
На овие Инфо денови претставници од Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информираат заинтересираните за сите детали поврзани со ИПАРД 2014-2020, особено за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ и за мерка 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“.
Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува точно 16.569.471,00 евра или во денарска противвредност 1.018.926.365,00 денари.
Телото за управување со ИПАРД организира дополнителни инфо денови на следниве места и датуми:
- 18 ноември 2019 (понеделник) Карбинци од 11.00 часот во Салата на општината
- 18 ноември 2019 (понеделник) Василево од 15.00 часот во Салата за совет на општината
- 19 ноември 2019 (вторник) Новаци од 11.00 часот во општинската сала
- 19 ноември 2019 (вторник) Долнени од 15.00 часот во општинската сала
- 22 ноември 2019 (петок) Бутел од 10.00 часот во Сала за состаноци на општина Бутел
- 22 ноември 2019 (петок) Јегуновце од 14.00 часот во Салата за состаноци на општината
Дополнителни информации и детали, заинтересираните лица може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, и тоа: https://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://www.ipardpa.gov.mk, http://agencija.gov.mk/ или да се јават во Сектор за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.