Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги
известуваат сите заинтересирани правни лица дека во втората половина на месец декември 2019 година се планира да се
објави Јавен повик за доставување на барања за користење на средства по мерка 3 “Инвестиции во основни средства
за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи” од областа на политиките за земјоделство и рурален
развој на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот
2014-2020 година).
Целта на ИПАРД Програмата 2014-2020 е преку соодветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се
подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор, преку нивно усогласување
со стандардите на Европската унија и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните
средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување.
Финансиските средства по мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и
рибни производи” од ИПАРД Програмата 2014-2020 во врска со спроведување на овој Јавен повик од декември 2019
година се наменети за финансиска поддршка на следните видови на инвестиции:
Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи:
1. Млеко и млечни производи
2. Месо и производи од месо (вклучувајќи јајца и живина)
3. Овошје и зеленчук (вклучувајќи ги компирите, печурките и легуминозните култури)
4. Житарици, мелнички продукти и продукти од скроб
5. Зеленчукови производи и масла и маснотии од животни
6. Шира, вино и оцет
7. Производство на енергија преку погони за преработка на растителни и животински производи од примарна и
секундарна биомаса, со исклучок на биомаса од рибни производи .
Правилата за користење на финансиските средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 налагаат претходно склучување на
договор на потенцијалните корисници со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и
реализација на одобрената инвестиција согласно претходно договорените услови. Контрола на самото место и
спроведувањето на надзорот над договорот извршуваат овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во
земјоделството и руралниот развој и релевантни институции од Република Северна Македонија за управување,
спроведување и контрола на ИПАРД и Европска Унија.
Начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2014-2020 се пропишани во Уредбата
за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерки за рурален развој финансирани од Инструментот
за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија.
Огласот ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во дневните весници.
НАПОМЕНА: Барањето за финансиска подршка кое не ја содржи потребната придружна документација во моментот на
поднесувањето на барањето, Агенцијата ќе го одбие како некомплетно. Потребната документација за подготовка и
поднесување на барања, вклучително и Упатството за корисници по мерка 3 “Инвестиции во основни средства за
преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи” од ИПАРД Програмата 2014-2020 ќе бидат ажурирани и
објавени на веб страната на Агенцијата во периодот до објавување на Јавниот повик.
Подетални информации во врска со типовите на инвестиции, критериумите за добивање на финансиска поддршка,
висината на поддршката по мерки заинтересираните можат да ги добијат во Агенција за финансиска поддршка во
земјоделството и руралниот развој.
Телефон: 02 3097-460
Факс: 02 3097-454
е-mail адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk
www.pa.gov.mk
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Сектор за управување со ИПАРД
Телефон: 02 3134-477 лок: 113, 114 и 115
е-mail адреса: info@ipard.gov.mk
www.ipard.gov.mk
Агенција за поттикнување на развој во земјоделството
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Инструмент за претпристапна помош за рурален
развој на Европската Унија 2014-2020
Телефон: 047 228-330
Факс: 047 228-370
www.agencija.gov.mk секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
Информации за изготвување и доставување на барања, како и практични совети за аплицирање, заинтересираните
баратели можат бесплатно да добијат во регионалните центри на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството.
(Контакт листа на регионални центри и надлежни лица е објавена на веб страните на надлежните институции).