Скопје, 24.06.2020
Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумартсво и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информираат сите заинтересирани субјекти, апликанти и корисници на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020, дека продолжува да тече рокот од претходно отворениот јавен повик кој се однесува на поднесување на Барања за користење на средствата од МЕРКА 1 “Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства”.
Крајниот рок за доставување на Барањата за користење на средствата по Мерка 1 од ИПАРД Програмата е до 3-ти август 2020 година.
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Бабовски, апелира до сите кои за прв пат аплицираат, или пак веќе се во фаза на завршување на предлог проектите за инвестиции, да ги докомплетираат и да ја достават целосната документација по пошта на следната адреса: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Бул: „ 3-та Македонска бригада“ бр.20, 1000 Скопје (зграда на Македонија Табак блок Ц)
Дополнителни информации и детали за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и тоа: https://ipard.gov.mk/, http://mzsv.gov.mk/, http://ipardpa.gov.mk/, http://agencija.gov.mk/ или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.