РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КОРИСТЕЊЕТО НА СРЕДСТВАТА ОД ИПАРД ВО ПРЕСРЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА МЕРКА1

Дома » РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КОРИСТЕЊЕТО НА СРЕДСТВАТА ОД ИПАРД ВО ПРЕСРЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА МЕРКА1

РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КОРИСТЕЊЕТО НА СРЕДСТВАТА ОД ИПАРД ВО ПРЕСРЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА МЕРКА1

Во организација на Телото за управување со ИПАРД, на ден 30.1.2020 година,во Битола,  (хотел Епинал), се одржа работилница на тема „Користење на средства од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014 – 2020“.  Работилницата произлезе како резултат  од потребата  за подобрување на меѓусебната соработка  помеѓу МЗШВ, АПРЗ, АФПЗРР и други институции во делот на информации за новините во ИПАРД Програмата како и стандардите за безбедност на храна. На работилницата беа присутни представници од Агенцијата за храна и ветеринарство одговорни за регулатива и контрола на исполнувањето на стандардите.

Работилницата беше наменета за согледување и презентирање на проблемите со кои се соочува Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во процесот на пополнување на Барањата за аплицирање по ИПАРД Програмата. Европски можности за македонското земјоделство и руралниот развој се на дофат на земјоделците. Со објавување на јавниот повик за мерка 1 и со поддршка на АПРЗ на земјоделците во спремање на издржани и комплетни апликации се очекува да се искористат средствата  за мерката 1 од ИПАРД.. АПРЗ е значајна институција за земјоделците со својата советодавната активност и линк помеѓу земјоделците и останатите институции. Работилницата ја отвори Живко Брајковски, раководител на Телото за управување со ИПАРД фондовите, кој што  го изрази своето задоволство од досегашната работа на АПРЗ и нејзиното залагање во однос на пружање поддршка на земјоделците. Работилницата е резултат на заклучок од предходно одржаниот форум каде се покажа потреба од редовни средби и дискусии со АПРЗ, а се со цел унапредување на советодавната улога која  Агенцијата им ја пружа на земјоделците , на терен и во своите подрачни единици. Присутните вработени ги поздрави и директорот на АПРЗ, Елгафар Јусуфи, кој истакна дека секој земјоделец е важен сегмент во работата на АПРЗ и кон секој нивен документ за аплицирање по Мерка 1 треба да се постапува со особено внимание. Исто така побара поддршка од АФПЗРР за внимателно разгледување на Барањата по мерка 1 и барања на дообјаснувања во делот на технички пропусти во барањата од земјоделците Присутни на работилницата беа и предстваници од АФПЗРР кои учествуваа со презентација во делот на измените во законот за Агенцијата во делот на комплетност на барањата за користење на средства од ИПАРД Програмата. Беше истакнато дека потребната документација која е дел од барањето за аплицирање е мора да биде доставена во целост (без можност за подоцнежна дополна) и истата да биде оригинална , заверена со потпис и печат.

Секторот за исплата од АФПЗРР одржа презентација во доменот на Барањето за исплата и потребната документација. Беше нагласено дека доколку одреден документот е предходно подесен во секоторт за проекти нема потреба да се доставува и до Сектор исплата.

Учесниците на работилницата се запознаа и со Упатството за постапка за изградба на објекти на земјоделско земјиште која постапка е новина и со нејзино имплементирање за 45 дена се добива одобрение за градење на објекти тесно поврзани со земјоделството. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе продолжи со теренските информирања и работилници на територија на целата држава во корист на граѓаните и нивна поголема информираност за ИПАРД и поголемо искористување на фондовите.

Дополнителни информации и детали, заинтересираните лица може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, и тоа: https://ipard.gov.mk,  http://mzsv.gov.mk/,  http://www.ipardpa.gov.mk, http://agencija.gov.mk/ или да се јават во Сектор за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

Програма_работилница_Битола_30012020

Галерија

2020-08-18T10:31:32+00:0010 февруари 2020|