Рокот за користење на ИПАРД средствата за мерка 7 е продолжен до 6-ти септември 2021 година

Дома » Рокот за користење на ИПАРД средствата за мерка 7 е продолжен до 6-ти септември 2021 година

Рокот за користење на ИПАРД средствата за мерка 7 е продолжен до 6-ти септември 2021 година

Телото за управување со ИПАРД ги информира сите земјоделци, физички и правни лица (микро и мали претпријатија) и задруги, заинтересирани да аплицираат за добивање на финансиска поддршка од мерката 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси”, дека рокот за поднесување на Барања за користење на средствата од мерка 7 е продолжен до 6-ти септември 2021 година.    

Барања за користење на средства заедно со целокупната документација, се поднесуваат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и сите заинтересирани лица може да аплицираат во следниве приоритетни сектори:

  1. Алтернативно земјоделско производство
  2. Производство на прехранбени производи и пијалоци и тоа за следните типови на инвестиции:
  • Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво;
  • Колачи, тестенини и пекарски производи;
  • Чај и билни екстракти;
  • Зачини и билки;
  • Слатководна риба, ракови и мекотели и
  • Други производи кои не се наведени во Листа на производи од Анекс I на Договорот за функционирањето на ЕУ.
  1. Производство на не-прехранбени производи
  2. Занаетчиски дејности, кои се во согласно со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите
  3. Обезбедување на услуги во земјоделството
  4. Развој на услуги за руралното население
  5. Промоција на руралниот туризам

Висината на финансиската подршка изнесува 65% од вкупно прифатливите трошоци за инвестицијата, која е потребно да се движи во најмала вредност од 1.500 евра до најголема вредност на вкупно прифатливите трошоци за инвестицискиот проект од 1 милион евра. Земјиштето и/или објектите е потребно да бидат во сопственост на барателот или да постои Договор за закуп од најмалку 7 години.

– За дополнителни информации и детали за  ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство www.ipard.gov.mk, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, www.agencija.gov.mk, или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

2021-08-19T10:38:43+00:0019 август 2021|