На 29ти март 2023 година, во Струмица, се оддржа 1отсостанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2021-2027. На состанокот на Комитетот, покрај редовните претставници (членови или нивни заменици), во улога на набљудувачи учествуваа и претставници на: Европската Комисија (ГД за земјоделство), Управувачката структура, Платежната агенција, Ревизорското тело и Телото за управување со ИПАРД. Со Комитетот претседаваше Државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин. Реџаил Исмаили.
На 1от состанок, членовите на Комитетот беа информирани за усвојување на Секторската спогодба и Финансиската спогодба за ИПАРД III Програмата, состојбата со акредитација на мерките од ИПАРД III Програмата и планот за јавни повици за ИПАРД III Програмата.
На 1от состанок, членовите на Комитетот ги усвоија Првата модификација на ИПАРД III Програмата, Акцискиот план за јавни набавки од мерката техничка помош за 2023 година (АПТА 2023) во рамки на ИПАРД III Програмата, Планот за видливост и публицитет на ИПАРД III Програмата и Планот за проценка на ИПАРД III Програмата.
Во продолжение се дадени дневниот ред и придружните материјали за 1от состанок на Комитетот за следење на ИПАРД 2021-2027.
Записник од 1от КС _ИПАРД 2021-2027
Одлуки и заклучоци 1КС_ИПАРД 2021-2027
1. Нацрт дневен ред_1MK_ ИПАРД III
2. Одлука за воспоставување на Комитет за следење на ИПАРД 3_1МК
3. Деловник за работа на Комитет за следење на ИПАРД 3_1МК
3. Одлука за усвојување на деловник за работа на Комитет за следење на ИПАРД 3_1МК
5.1 Прва модификација на ИПАРД 3_1МК
5.2 Информација за состојбата со акредитација на мерките од ИПАРД 3_1МК
6. План за евалуација на ИПАРД 3_1МК