На 29ти март 2023 година, во Струмица, се оддржа дванаесеттиот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД 2014-2020. На состанокот на Комитетот, покрај редовните претставници (членови или нивни заменици), во улога на набљудувачи учествуваа и претставници на Европската Комисија (ГД за земјоделство), Управувачката структура, Платежната агенција, Ревизорското тело и Телото за управување со ИПАРД. Со Комитетот претседаваше Државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин. Реџаил Исмаили.
На дванесеттиот состанок, членовите на Комитетот беа информирани за: напредокот во реализацијата на програмата и степенот на спроведување на целите, мерките и инвестициите од ИПАРД II Програмата, превземените активности за комуникација и публицитет на програмата, реализацијата на акцискиот план за јавни набавки од мерката техничка помош за 2023 година (АПТА 2023) и напредокот на активностите поврзани со проценката на ИПАРД Програмата 2014-2020.
На дванесеттиот состанок, членовите на Комитетот ја усвоија Измената на Акцискиот план за јавни набавки од мерката техничка помош за 2023 година (АПТА 2023) во рамки на ИПАРД II Програмата
Во продолжение се дадени дневниот ред и придружните материјали за 12от состанок на Комитетот за следење на ИПАРД Програмата 2014-2020.
1. Нацрт дневен ред _КС ИПАРД II_12ти
2. Нацрт записник 11 КС ИПАРД II_12ти
5.1 Информација за функционирање на системот за управување_КС ИПАРД II_12ти
5.2 Информација за резултатите на ИПАРД _КС ИПАРД II_12ти
5.3 Информација за напредокот на активностите на ИПАРД Агенција_КС ИПАРД II_12ти
6.2 Усвојување на измена на АПТА 2023_КС ИПАРД II_12ти
6.3 Извештај за напредок на активности за публицитет_КС ИПАРД II_12ти