2 состанок на комитетот за следење на ИПАРД III

Дома » 2 состанок на комитетот за следење на ИПАРД III

2 состанок на комитетот за следење на ИПАРД III

Вториот состанок на комитетот за следење на ИПАРД III се одржа на 21ви декември 2023 година во Скопје. На состанокот, покрај редовните претставници (членови или нивни заменици), како набљудувачи учествуваа и претставници од Европската Комисија (ГД за земјоделство), управувачката структура, ИПАРД агенцијата, ревизорското тело и телото за управување со ИПАРД. Со комитетот претседаваше државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На вториот состанок, членовите на комитетот беа информирани за статусот на имплементација на програмите ИПАРД II и ИПАРД III, функционирањето на системот за управување и контрола на сите ИПАРД институции, спроведувањето на планот за евалуација на ИПАРД и спроведувањето на активностите во акцискиот план за набавка за 2023 година (АПТА 2023).

На вториот состанок, членовите на комитетот ги усвоија записниците од претходната седница на комитетот, годишниот план за публицитет за 2024 година и акцискиот план за набавки за 2024 година (АПТА 2024).

Одлуки и заклучоци 2КС_ИПАРД 2021-2027
1. Предлог Дневен ред_КС ИПАРД III_2ри
2. Усвојување на записници од претходни состаноци_КС ИПАРД III_2ри
5.a Основни информации за спроведување на мерките на програмата_КС ИПАРД III_2ри
5.б Извештај за одобрени одбиени исплатени ИПАРД 2 проекти_КС ИПАРД III_2ри
5.в.г. Состојба со спроведување на ИПАРД 3 и прогноза за активности и повици во 2024_КС ИПАРД III_2ри
6. Информација за за функционирање на СУК_КС ИПАРД III_2ри
7. Информација за контроли_КС ИПАРД III_2ри
8.a.Извештај за напредокот на активности на комуникација и публицитет _ИПАРД 2021-2027
8.б. Акциски план за комуникација и публицитет планирани активности за 2024 година_КС ИПАРД III_2ри
9. Преглед на спроведување на Планот за евалуација_КС ИПАРД III_2ри
10.б. Одобрување на АПТА 2024_КС ИПАРД III_2ри

Записник од 2 КС_ИПАРД 2021-2027

2024-07-03T16:51:03+00:001 февруари 2024|