9ти СОСТАНОК НА КОМИТЕТОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИПАРД 

Дома »  9ти СОСТАНОК НА КОМИТЕТОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИПАРД 

 9ти СОСТАНОК НА КОМИТЕТОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ИПАРД 

Деветтиот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД ќе се одржи во Скопје, на 09 декември 2011 година. Со состанокот ќе претседава заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин Зоран Коњановски, како претседател. На состанокот ќе присуствуваат претставници на Европската комисија во нивната советодавна функција при работата на Комитетот.

Членовите, кои ги претставуваат партнерските организации и владините институции и агенции, како и дополнително поканети набљудувачи, претставници на донаторската заедница, науката и образованието, економските и социјалните партнери, по овој повод ќе разговараат за резултатите од спроведувањето на ИПАРД Програмата и поврзани прашања со програмирање и имплементација. Комитетот ќе донесува заклучоци за подобрување на ефективноста и ефикасноста на ИПАРД Програмата 2007-2013 и ќе одлучува во врска со предлог измените на ИПАРД Програмата 2007-2013 и комуникациски активности за 2011 година и други прашања во рамките на своите овластувања.

Присуството на средбата е само со покана. Повеќе детали ќе бидат достапни по средбата, на веб-страницата на ИПАРД Програмата.

 

2014-06-18T16:48:30+00:007 декември 2011|