ЧЕТВРТТИ ИЗМЕНИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА 2007-2013

Дома » ЧЕТВРТТИ ИЗМЕНИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА 2007-2013

ЧЕТВРТТИ ИЗМЕНИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА 2007-2013

Секторот за управување со претпристапни фондови на ЕУ за рурален развој (ИПАРД) при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека на 21 ноември 2012 година на редовниот состанок на Комитетот за Рурален развој беа презентирани четвртите измени на ИПАРД Програмата 2007-2013 од страна на одделението за претпристапни програми за земјоделство и рурален развој  Г4, Генерален Директорат за земјоделство и рурален развој и усвоени од страна на претставниците на земјите членки на ЕУ. Четвртите измени на ИПАРД Програмата 2007-2013 се одобрени со Одлука на Комисијата Бр. Ц(2012)9649 од 13 Декември 2012 за изменување на одлуката на Комисијата Бр. Ц(2008) 677 од 25 февруари 2008.

Четвртите измени на ИПАРД Програмата, (кои се усвоија на деветиот состанок на Комитетот за следење на ИПАРД) се во насока на проширување на прифатливите трошоци, како и проширување на опфатот на корисници и критериумите за прифатливост на постојните мерки за поедноставување на процесот за аплицирање, а се фокусирани главно на подобрувањата на ИПАРД Програмата во насока на проширување на можностите за инвестиции и олеснување на постапките и условите за користење на ИПАРД фондовите, со цел поголема апсорпција на средствата кои ни ги овозможува програмата во рамки на веќе постоечките мерки, наменети за: земјоделските стопанства, земјоделско-прехранбената индустрија и развој на економските активности во руралните средини.

Измените на ИПАРД Програмата 2007-2013 на англиски јазик се објавени на следниот линк:https://www.ipard.gov.mk/mk/programa

2014-06-18T14:44:44+00:0017 декември 2012|Известување, Соопштенија|