Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со поддршка од „Програма за поддршка на советодавни услуги во земјоделството“ – финансирана од СИДА, на 28.09, 29.09. и 04.10 во Скопје одржа семинари на тема „КАКО ДО КВАЛИТЕТЕН ИПАРД ПРОЕКТ“. На семинарите учествуваа номинирани претставници од правни и физички лица – трговци поединци кои се занимаваат со консултантски, советодавни, сметководствени, административни или правни услуги како и физички лица – судски овластени проценители од релевантни области. Пријавувањето се одвиваше по пат на Јавен повик до сите заинтересирани страни кои ги исполнуваат условите од повикот. Јавниот повик за пријавување траеше до 10 мај 2010 година.
Поради зголемениот интерес, Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе продолжи со организирање на ваквиот тип на семинари во рамките на спроведувањето на годишниот план за комуникација и публицитет на ИПАРД Програмата 2007-2013