ТАИЕХ Работилница на тема “Комуникација и публицитет: алатки, методи и задачи на тимови за публицитет за претпристапна помош за рурален развој”

Дома » ТАИЕХ Работилница на тема “Комуникација и публицитет: алатки, методи и задачи на тимови за публицитет за претпристапна помош за рурален развој”

ТАИЕХ Работилница на тема “Комуникација и публицитет: алатки, методи и задачи на тимови за публицитет за претпристапна помош за рурален развој”

Известување за одржување на Работилница на тема „Комуникација и публицитет: алатки, методи и задачи на тимови за публицитет на ИПАРД“

На ден 13.12.2010 година во Хотел Арка се одржува Работилница на тема “Комуникација и публицитет: алатки, методи и задачи на тимови за публицитет на претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД)”. Работилницата е организирана од страна на Инструментот за Техничка помош и размена на информации (TAIEX) на Европската Комисија во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.

Целта на работилницата е да се обезбеди обука на тимовите за публицитет во земјите-кориснички за искористување на расположивите алатки за публицитет и методи за комуникација на програмите за рурален развој и да им се обезбедат најдобрите практики примери од земјите членки на ЕУ во тој поглед. За таа цел на работилницата ќе присуствуваат претставници од Телата за управување со ИПАРД и ИПАРД Агенциите од земјите-кандидати кориснички на ИПАРД – Хрватска, Македонија и Турција.

За пренесување на искуствата од земјите членки, поканети се експерти од Полска и Латвија.

На завршниот дел од работилницата, претставниците од Хрватска, Македонија и Турција ќе ги презентираат најдобрите искуства од спроведени активности за информирање и публицитет на ИПАРД фондовите и ќе ги презентираат Плановите за комуникација на ИПАРД и активностите за информирање и публицитет за 2011 година.

Презентациите и информативниот материјал во врска со одржување на настанот може да се сними од веб-странатаhttp://taiex.ec.europa.eu/ и www.ipard.gov.mk

Дневен ред_ТАИЕХ_АГР40269_мк

2014-06-18T18:10:36+00:0010 декември 2010|Известување, Соопштенија|