Владата на Република Македонија –
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
во соработка со
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Тело за управување со ИПАРД
на 25.10.2011 година објавуваaт
ЈАВЕН ПОВИК бр.03/2011
за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД програмата 2007-2013
Врз основа на член 7 став 1 алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/2007, 05/2009) и согласно Програмата за користење на средствата од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) за период 2007-2013 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/2009), се објавува Јавен повик задоставување на барања за користење на средства од ИПАРД програмата 2007-2013 за следниве мерки:
– Мерка 101 – Инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија каде што прифатливи проекти се оние чиј вкупен износ на прифатливи трошоци е од минимум 5.000 евра, (307.530,50 денари во денарска противвредност) и максимум 400.000 евра (24.602.440,00 денари во денарска противвредност),
– Мерка 103 – Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија каде што прифатливи проекти се оние чии вкупен износ на прифатливи трошоци е од 15.000 евра (922.591,50 денари во денарска противвредност) и максимум 800.000 евра, (49.204.880,00 денари во денарска противвредност) со исклучок на инвестиции за воспоставување на кланични капацитети за живина каде што прифатливи проекти се оние чии вкупен износ на прифатливи трошоци може да достигне максимум 3.000.000 евра (184.518.300,00 денари во денарска противвредност), и
– Мерка 302 – Диверзификација и развој на руралните економски активности каде што прифатливи проекти се оние чии вкупен износ на прифатливи трошоци е минимум 5.000 евра (307.530,50 денари во денарска противвредност) и 200.000 евра (12.301.220,00 денари во денарска противвредност).
За мерка 101 и мерка 103 барања може да доставуваат физички и правни лица за инвестиции лоцирани на територијата на Република Македонија, додека за мерка 302 барања може да доставуваат физички и правни лица за инвестиции кои се наоѓаат во рурални средини.
Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Повеќегодишната Финансиска Спогодба 2007-2011 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија.
Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и Упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 може да се превземат на следната веб-адреса: www.ipardpa.gov.mk, како и лично во приемницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
Барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 со утврдената потребна документација се доставуваат задолжително во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен повик ИПАРД број 03/2011 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта на адреса: “Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој“,бул. 3-та Македонска бригада бб, (згр. Македонија Табак блок Ц), 1000 Скопје како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, секој работен ден од денот на објавувањето на овој Јавен повик заклучно со денот на датата на крајниот рок за поднесување на барања. Напомена: Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 и доставената придружна документација НЕ СЕ ВРАЌААТ. Заради извршувањето на контролата на терен потребно е барателот кај себе да задржи копии од целокупната документација доставена до Агенцијата.
Крајниот рок за поднесување на барањата е 09.12.2011 година.
Контакт за подетални информации:
тел: 02 3097-460
факс: 02 3097-454
e-mail: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk